Showing posts with label Анархизам за „почетници“. Show all posts
Showing posts with label Анархизам за „почетници“. Show all posts

22.12.13

Што симболизира црвено - црното знаме?


Црвено – црното знаме е симбол на интернационалното слободарско работничко движење. Неговите бои ги симболизираат основните принципи и цели на револуционерниот синдикализам (анархистичкиот синдикализам):
- црвена - материјална и социјална рамноправност
- црна - од анархистичкото знаме, слобода и солидарност.

16.9.13

Газдите не ни требаат... Ние им требаме ним!

Како газдите стануваат богати и моќни на наш грб


Што работат шефовите?
- Распоредување: одлучуваат кога треба да се направи нешто; определуваат рокови. Ова може многу лесно да го прават самите работници.
- Координирање: водат сметка разните видови активности да не си попречуваат меѓусебно и се успешно да се одвива синхронизирано. Водат сметка да се дистрибуираат ресурсите до работниците; често централизираната контрола над ресурсите повеќе создава застој, отколку што успешно контролира. Координацијата во голем дел неформално ја покриваат работниците.
- Сметководство: ова е канцелариска рутинска работа; ги бројат парите што им ги правиме.
- Околу персоналот: вработување, отпуштање и давање задачи на работниците.
Колку помалку работи газдата, толку повеќе пари заработува – парадоксот на капитализмот. Ова доаѓа оттаму што во капиталистичката поделба на трудот, газдите не се платени за да работат, туку за да наоѓаат други да ја вршат работата по што е можно помал трошок. Дури и надвор од компанијата, во своето слободно време, газдата е паразит, затоа што има пари да плати други луѓе да му ги вршат секојдневните работи за кои секој е способен.

Работничко самоорганизирање: Можеме ли без газди?

Да замислиме дека сме го отфрлиле концептот дека одвивањето на трудот мора да биде под надзор и под централизирана контрола. 
Да замислиме една фабрика или компанија во која нема човек што извршува функција на газда, шеф, надреден, сопственик. 
Да замислиме едно работно место кое што ќе им припаѓа исклучиво на работниците кои таму работат, и во кое целиот профит ќе го добиваат оние кои работат и ќе го делат меѓусебно. 
Да замислиме работно место во кое профитот нема да им биде одземен на работниците и слеан во џебовите на паразитите газди. 

Капиталистичкиот систем, за да продолжи да не експлоатира, сака да веруваме дека не е можно еден бизнис да функционира без паразит кој ќе ја присвојува целата добивка. Тоа е измислица, и дека тоа е така потврдуваат примерите подолу. 

Но најпрво, како би функционирало такво место?

10.9.13

Државата и јас сме непријатели


„Државата и јас сме непријатели. Секоја држава е тиранија, без разлика дали е тиранија само од една личност или од повеќе. Секоја држава е тоталитарна. Државата секогаш има само една цел - да ги ограничи, да ги врзе, подреди поединците, да ги потчини... Државата, со помош на цензура, надзор, полиција, настојува да ја спречи секоја слободна активност и таквата репресија ја смета за своја должност, затоа што тоа ѝ го наметнува, инстинктот за самоодржување. Државата ми дозволува од своите мисли да ги извлечам сите нивни вредности и да ги соопштам на луѓето само тогаш кога се и нејзини мисли. Во спротивно ми ја затвора устата.“  - M. Штирнер

10.8.13

Анархизмот и историјата на црното знаме

Анархизмот секогаш застапувал поопшта политичка платформа. Причините се сосема јасни: шематските планови создаваат ригидни догми и го гушат креативниот дух на револтот. Во склад со тоа и резултирајќи со истите проблеми, анархистите го отфрлија „дисциплинираното“ водство кое е присутно во многу други лево ориентирани политички групи. Причината за ваквото резонирање е сосема јасно: водството засновано на авторитет е неразделиво од хиерархијата.

Постојат голем број на извештаи за употребата на црното знаме од страна на анархистите. Можеби најпознат е примерот за партизаните и Нестор Махноа за време на Руската револуција. Под црното знаме, неговата војска поразила голем број на војски и за период од неколку години го сочувале поголемиот дел од Украина слободен од концентрираната моќ. Исто така париските студенти носеле црни (и црвени) знамиња за време на генералниот масовен штрајк во 1986.

24.7.13

Анархистичко општество

Анархистите имаат формирано свое сфаќање за општеството, целосно различно од сите политички партии кои тежнеат државната власт да ја превземат во свои раце.

 Ние, општеството го замислуваме како организам во кој односите помеѓу неговите членови не ги одредуваат законите (наследство на историското угнетување и минатото варварство), ниту владејачите (избрани или по наследство), туку слободна согласност, како и навиките и обичаите, исто така слободно прифатени. Меѓутоа, тие обичаи не мора да се под влијание на законите и суеверенијата кои ги скаменуваат и претвораат во нешто непроменливо. Тие треба постојано да се развиваат и применуваат според новите барања на животот, на прогресот на науката и пронајдоците, и на развојот на се поразумен и возвишен општествен идеал.
Во анархистичкото општество нема власт која на другите би им ја наметнала својата волја. Нема власт на човек над човек. Нема статичност во животот, наместо тоа постои постојано движење напред, час побрзо, час поспоро, како што е животот во  природата. Таков е идеалот на анархијата.

10.7.13

Анархизам (мал прирачник за почетници)


 Поимите анархизам и анархија

Самиот збор анархија доаѓа од грчките зборови αν [ан] и αρχη [arhe] што во буквален превод значи „не“ и „власт“ односно отсуство на власт, авторитет. Таквиот директен превод можеби најдобро го опишува самото значење на тие зборови. Целосно изоставување на секоја власт и на авторитетот. Како е тоа возможно? За тоа ќе збориме малку покасно...

Самиот збор анархизам настанал како поим за политичката идеја и филозофија која тежнее кон анархијата, значи, општество без било каква власт, авторитет, и присила, и како таков, овој збор се користи од почетокот на 19 век па се до ден денес. Преку различните „додавки“ овој збор опишува поединечни струи внатре во анархистичките движења на пр: анархо – синдикализам, анархо – примитивизам, анархо – индивидуализам, еко – анархизам и сл.

20.4.13

Национализмот - оружје за владеење на капитализмот и државата


Национализмот е производ на капитализмот и државата. Национализмот, кој внимателно се негува во секоја национална држава, не е нус производ или колатерална штета или несреќна последица на капитализмот и државата. Тој е внимателно осмислен концепт кој е во служба на владејачката класа и со чија помош таа класа ја експлоатира работничката класа.

17.4.13

Зошто се анархистите против национализмот?


Анархистите се против национализмот во секој негов облик. Англиските анархисти Стјуарт Кристи и Алберт Мелцер го истакнаа очигледното: „Затоа што нацијата подразбира држава не е можно во исто време да бидеш националист и анархист.

За да ја разбереме подобро оваа позиција мора да дефинираме што подразбираат анархистите под национализам. За многумина тоа е на пр: приврзаност кон домот и местото на растење. Според Михаил Бакунин, народноста е „природен и социјален факт“ затоа што „секој човек и најмалата општествена единица имаат своја личност, свој специфичен начин на постоење, свој начин на говор, чувствување, мислење и делување; овој начин на однос спрема светот ја сочинува сржта на народностите.“ Овие чувства очигледно не постојат во социјалниот вакум. Не може да се дискутира за нив без да се дискутира за природата на општествените единици, за тоа кои класи и други социјални нееднаквости тие општествени единици ги содржат. Кога ќе го направиме тоа, анархистичкото противење на национализмот станува појасно.

14.4.13

Насилство е...


Насилство е да работиш 50 години за мизерна плата и да се надеваш дека ќе преживееш до пензија...
Насилство е зголемување на даноците за храна, лекови, книги, а истовремено намалување на даноците на корпорацискиот профит и на луксузните добра...
Насилство е укинување на социјалната помош и државната поддршка за најсиромашните, додека истовремено финансиски се помагаат банките и тајкуните...
Насилство е кога мораш да земаш кредити од банка за да можеш да се школуваш...
Насилство е кога банките оставаат цели семејства без покрив над глава...

30.3.13

Анархисти? Нели се тоа луѓе кои сакаат безредие и хаос?

Накратко, тоа не е точно. Наспроти вообичаените верувања, анархистите се залагаат за поприлично организирано општество, во кое работните места и заедниците се рамноправно самоуправувани од луѓе кои таму работат и живеат. 

16.3.13

Ерико Малатеста: АНАРХИЗМОТ И НАСИЛСТВОТО (1)


Сите знаат дека анархистите му се спротивставуваат на насилството. Основната програма на анархизмот е отстранувањето на насилството од меѓучовечките односи. Тоа е живот чија основа се состои во слободата на поединецот, без интервенција на полицијата. Заради таа причина, ние сме непријатели на капитализмот кој зависи од улогата на полицаецот да ги принудува работниците да дозволат да бидат експлоатирани - или дури и да станат невработени и да бидат гладни кога не е од интерес на нивните шефови да ги експлоатираат. Заради тоа ние сме непријатели на државата која е принудна и насилна организација на општеството.

Но, ако чесниот човек верува дека е глупаво и варварски да се расправа со пендрек во раката и дека е неправедно и злобно некој да се присилува со пиштол да се потчини на волјата на другиот, дали е логично да заклучиме дека тој господин има намера да допушти да биде претепан и потчинет на волјата на другиот без да прибегне кон екстремни начини за да се самоодбрани?