10.9.13

Државата и јас сме непријатели


„Државата и јас сме непријатели. Секоја држава е тиранија, без разлика дали е тиранија само од една личност или од повеќе. Секоја држава е тоталитарна. Државата секогаш има само една цел - да ги ограничи, да ги врзе, подреди поединците, да ги потчини... Државата, со помош на цензура, надзор, полиција, настојува да ја спречи секоја слободна активност и таквата репресија ја смета за своја должност, затоа што тоа ѝ го наметнува, инстинктот за самоодржување. Државата ми дозволува од своите мисли да ги извлечам сите нивни вредности и да ги соопштам на луѓето само тогаш кога се и нејзини мисли. Во спротивно ми ја затвора устата.“  - M. Штирнер


„Да бидеш владеен значи да бидеш под надзор, набљудуван, шпиуниран, насочуван, регулиран, заграден, индоктриниран, контролиран, почестен, ценет, напаѓан, воден, и тоа од некои суштества кои немаат ни назив, ни наука, ни доблести... Да бидеш владеен значи да бидеш во секоја операција, во секоја трансакција, во секое движење, забележан, запишан, преброен, тарифиран, запечатен, измерен, проценет, патентиран, поделен, опоменет, спречен, преобратен, издигнат, исправен. Под оправдувањето за јавна корист и во име на сеопштиот интерес, тоа значи да бидеш ставен во употреба, дресиран, уценет, искористен, монополизиран, исцеден, заведен, покраден; потоа, после и најмалиот отпор, на првата  жалба, ќе бидеш укорен, оцрнет, засрамен, прогонет, злоупотребуван, разоружан, истепан, затворен, стрелан, изрешетан, суден, осуден, исфрлен, жртвуван, продаден, издаден и најмногу од се, изигран, навреден, обесчестен. Ете тоа е влада, тоа е нејзината правда, ете тоа е нејзиниот морал... О човеку! Зар е можно шеесет векови да си чмаел во такво понижување.“ -  П. Ж. Прудон

„Државата е апстракција која го голта народниот живот; голем гроб кој во сенката и во појавата на таа апстракција, великодушно, богобојазливо, доаѓа за да ги жртвува и закопа сите вистински тежнеења, сите живи сили на некоја земја.“ – M. Бакунин

„Владата ни оддалеку не е создавач на енергија, туку ја троши, парализира и со своите методи на делување ги уништува големите сили.“ – E. Малатеста

„Опасноста расте во онаа мера во која се прошируваат компетенциите на државата и нејзината бирократија. Функционерството води кон комунистичка држава, го апсорбира целокупниот локален и поединечен живот во административниот механизам, ги уништува сите слободни мисли. Сите настојуваат да се скријат под закрилата на власта и да живеат на заедничко. Крајно време е на тоа да се стави крај. Бидејќи централизацијата станува се посилна, работите стигнаа до онаа точка каде општеството и власта не можат веќе да живеат заедно. Во државата, од херархискиот врв па се до нејзината основа, не постои ништо, ама баш ништо до кривина која треба да се исправи, до паразитство што треба да се укине, до оружје на тираните кое треба да се уништи. А вие нас ни говорите за тоа дека треба да ја сочуваме државата, да ги зголемиме компетенциите на државата, уште повеќе да ја зајакнеме моќта на државата. Гонете се, вие не сте никакви револуционери“  - П. Ж. Прудон за продржавните комунисти

Извор: Анархизам (Даниел Герин)

No comments:

Post a Comment