Како газдите стануваат богати и моќни на наш грб
-
Распоредување: одлучуваат кога треба да се направи нешто; определуваат рокови. Ова
може многу лесно да го прават самите работници.
- Координирање:
водат сметка разните видови активности да не си попречуваат меѓусебно и се
успешно да се одвива синхронизирано. Водат сметка да се дистрибуираат ресурсите
до работниците; често централизираната контрола над ресурсите повеќе создава
застој, отколку што успешно контролира. Координацијата во голем дел неформално
ја покриваат работниците.
-
Сметководство: ова е канцелариска рутинска работа; ги бројат парите што им ги
правиме.
- Околу
персоналот: вработување, отпуштање и давање задачи на работниците.
Колку помалку
работи газдата, толку повеќе пари заработува – парадоксот на капитализмот. Ова доаѓа
оттаму што во капиталистичката поделба на трудот, газдите не се платени за да
работат, туку за да наоѓаат други да ја вршат работата по што е можно помал
трошок. Дури и надвор од компанијата, во своето слободно време, газдата е
паразит, затоа што има пари да плати други луѓе да му ги вршат секојдневните
работи за кои секој е способен.
Што работат акционерите?
Ништо!
Капиталистот
акционер купува дел од компанијата („акција“ е мерка на сопствеништво) и за
возврат добива пропорционален дел од вредноста што ја произведуваат работниците
(профитот земен од работниците се вика дивиденда). Во друг случај, ѝ изнајмува пари на компанијата купувајќи обврзници, за што добива камата. Така,
заработува пари без да работи ништо.
Од каде доаѓа профитот?
Од нас!
Трошокот за
водење бизнис се состои од пари потрошени за работна сила, машинерија,
материјали, рента, камата за позајмици, одржување и други услуги. Вредноста на
трудот е разликата помеѓу приходот на приходот на бизнисот и неговите останати
трошоци. Профит, пак, е разликата помеѓу вредноста на трудот и платата која
газдата во реалност им ја дава на работниците.
Перформансите на
газдата обично се мерат според тоа колку профит може да исцица од нас.
Газдата е диктатор.
Модерната
бирократија беше измислена во нацистичка Германија од филозофот Макс Вебер, кој
ја осмисли според моделот на воен ланец на команда. Неследењето наредби
резултира со дисциплинска мерка или отпуштање.
Модерното производство,
идејна творба на Хенри Форд, успеа да ги сведе активностите на работниците на
повторувачки потези на машини, а Фредерик Тејлор го даде својот „придонес“ со
идејата да го сведе на минимум бројот на физички потези на работниците со цел
да ја максимизира нивната „продуктивност“ (секој работник од Кина им е
бескрајно благодарен што поминува и до 14 часови правејќи еден ист потег
непрекинато). Газдите ги дизајнираат работните задачи така, да ги обесчовечат
работниците.
На многу
работни места работиме прекувремено. Многу од работниците добиваат фиксна плата
наместо плата по саат, за да може газдата да ги тера да работат колку што сака,
без да мора да им плаќа за прекувремениот труд.
Во најголем дел
од работните места непослушноста е казнива, за синдикално организирање може да
се добие отказ, а поставувањето прашање околу управувањето со работното место е
забрането. Можеби единствено пожелно прашање е како да ги следиш нивните
наредби.
Многу компании
се преправаат дека ги вклучуваат своите вработени во носењето одлуки, само за
да ги натераат да се шпиунираат меѓусебно.
Многу компании
ги шпиунираат своите работници, преку користење на сатници, компјутерски
програми, скриени камери. На некои работни места дури и времето поминато во
ве-це е ограничено!
Газдите се неефикасни.
Многу газди и
шефови ствараат непотребна работа или те тераат одново да сработиш нешто „по
нивен терк“, само за да те натераат да мислиш дека не можеш да ја свршиш
работата без нивен надзор.
Други, пак,
создаваат комплетен хаос под нивната централизирана контрола, така што не можеш
да добиеш ресурс или информација која ти треба во секојдневната работа. Без шеф,
пристапот до тие круцијални ресурси би бил децентрализиран и на располагање
според потребите.
Газдите може да те убијат.
Работата е една
од главните причини за смрт во несреќи и за здравствени проблеми.
Несреќите се
случуваат кога твојот газда сака да ја убрза работата за да го зголеми неговиот
профит. Газдите исто така ги намалуваат своите трошоци преку кратење на меркиза безбедност на работното место. Работата често создава стрес поради умор,
малтретирање, постојан натпревар со другите работници итн. Несреќите на
работното место убиваат луѓе, ама лошите работни услови не се несреќа.
Ама некој мора да им кажува на работниците што да прават?
Зошто?
Работниците на
работното место постојано се здружуваат за неформално да разговараат како да се
направи некоја работа или да се реши некој проблем на работа. Не одиме кај
газдата да го прашаме, затоа што тој/таа не знае како се работи работата (освен
во теорија).
Работниците и
надвор од работа редовно се здружуваат со пријателите и семејството за заедно
да донесат одлуки, и за тоа не им треба газда или шеф. Носиме одлуки и го
„менаџираме“ нашето секојдневие сами. Зошто не би можеле сами да го организираме
она што сами го произведуваме?
Ама газдите одат на факултет да научат како се
менаџира...
Всушност,
повеќето од нив немаат диплома по бизнис администрација, менаџмент, јавна администрација
или било што слично. И без тоа, дипломата по овие „вештини“ значи дека си
научил капиталистичка економија, ама нема да те научи ништо за луѓето или
решавањето проблеми што веќе од искуство не си го знаел/а. Тоа што ќе го научиш
на тие факултети е менаџмент и мотивациски теории, или: како да експлоатираш
луѓе преку психологија.
Не!
Газдата само вработува и отпушта. Најголем дел од трудот ќе се врши и без газди, затоа што
луѓето имаат потреби што треба да се задоволат со производство и услуги. Освен тоа,
мотивот на газдата кој отвара нов бизнис е да се збогати, па затоа количината
на труд која е неопходна за секој бизнис секогаш ја надминува количината на
труд што можат сами да ја дадат оние кои во моментот работат за газдата. Така,
и покрај тоа што секогаш се потребни повеќе работници за да вршат определена
работа, газдата за да заштеди ќе направи се што е можно: ќе ги форсира
работниците да работат повеќе отколку што е издржливо, ќе купува машини кои ќе
ги заменат работниците, и нема да им плаќа на тие што работат прекувремено.
Ама мојот шеф е
фин...
Не им верувај!
Шефот си е шеф!
Шефот знае дека неговата работа зависи од тоа дали е способен да не` експлоатира. Од нив можеме да очекуваме само да ни го кажуваат тоа што
сакаме да го слушнеме. На пример, дека сме вредни за да не` направи задоволни од нашата работа, или дека платата со време ќе се
покачи, за да не` мотивира. Шефот што мислиш дека го
знаеш е фасада. За него, ти си машина за правење пари, и ништо повеќе. Тој те
цени додека живее од твојот труд, но бидејќи ти, како и секој работник, си во
секое време заменлив од армијата невработени, за него претставуваш ништо повеќе
од потрошно добро. Шефот и газдата не можат да ти бидат пријатели.
Ама мојот газда
е сопственик на мал бизнис...
Тоа не значи
дека не те експлоатира на ист начин.
Малите бизниси
обично се реално во сопственост на банките (преку хипотека или бизнис наем) и
на сопственикот на земјиштето/објектот (бидејќи малите бизниси се најчесто под
кирија) кои ги земаат парите од тебе преку твојот газда, работејќи ништо.
Можеби за некои
мали фирми може да се каже дека нивните газди работат повеќе отколку газдите на
големи компании и корпорации, но дури и да е така, тие сепак не им ја плаќаат
на работниците полната вредност на нивниот труд. Размисли: колку од профитот
што твојата фирма го прави го добива газдата, а колку ти и останатите
работници? Ќе се сложиш дека распределбата е крајно несразмерна, иако ти и
твоите колеги ја работите целата работа. Ти мораш да одиш на работа со автобус,
додека твојот газда може да си дозволи кола; ти мораш да ренташ соба, додека
твојот газда има сопствен стан. Очигледно е дека, иако твојот газда не е многу
богат, тој сепак живее многу подобро од тебе, а дури и најработливиот газда не
извршува повеќе работа отколку ти, како работник.
Ама ако работам
вредно и ако правам како што ми е кажано, еден ден можам да станам богат/а и
успешен/на...
Погледни околу
себе. Колку богати луѓе гледаш? Не се многу во споредба со нас останатите. Бројките
кажуваат дека ако ги одземеш богатите кои ги наследиле нивните пари (а тоа се
повеќето од нив), тогаш останува еден мал дел од нив, а тие пак го натрупале
своето богатство од акционерство или од рента, а не од чесна работа. Во најдобар
случај, вредното работење ќе ти донесе удобна плата. Во најлош случај, ќе ти го
скрати животот и нервите и ќе го збогати твојот газда! Најдобар начин да се осигураш
дека работиш за себе е воопшто да немаш газда.
А еве и како.
No comments:
Post a Comment