Пред година дена, припадници на полицијата
убија 36 рудари обидувајќи се да го разбијат масовниот штрајк во рудникот за
платина во Марикана во Јужна Африка.
Недела дена пред оваа крвава
случка, стотина работници во рудникот за платина во сопственост на компанијата
„Lonmin PLC“ започнале штрајк поради неисплатените плати. Преставниците на
синдикатот пробале претходно да ги убедат рударите да го прекинат штрајкот и да
се вратат на работа, но тие тоа го одбиле. „Ние сме експлоатирани, ниту
владата, ниту синдикатите не дојдоа да ни помогнат... Благодарејќи на нашиот
труд, компанијата заработува пари, а на нас ништо не ни плаќаат. Не можеме да
си приуштиме достоинствен живот. Живееме како животни поради мизерната плата.“
изјавил тогаш еден од рударите.
Наместо да им ги исплатат парите,
кон работниците летаа куршуми – стотина куршуми, кои убија 36 работници и голем
број на рудари ранија. Заменик директорот на рудникот цинично изјавил дека
случувањата во рудникот биле само дел од „полициската операција“ а државата за
масакрот ги обвинила 270 рудари кои учествувале во штрајкот, но поради
жестокиот притисок од синдикатот и јавноста, обвинението било повлечено. Власта
имала намера работниците да бидат процесуирани на основа на доктрина користена
за време на владеењето на Апартхејдот, обвинувајќи ги за убиство сите уапсени
работници кои биле во толпата, вклучувајќи ги и шесторицата рудари кои биле во
болница поради прострелни рани нанесени од куршумите на полицијата.
И покрај големиот број на вакви
примери, сеуште постојат луѓе кои веруваат во приказната дека улогата на
полицијата е да го штити народот. Полицијата е само алатка на елитите за да го
заштитат својот профит и да им помогнат да го присилат народот да биде
експлоатиран. Полицијата е алатка на државата која ќе удри по оние кои одбиваат
да бидат рекетирани од страна на државата и е тука да го извлече и последниот
денар од обичниот народ за богатите да живеат во што поголем луксуз. Полицијата
не значи безбедност, полицијата значи малтретирање и угнетување на народот.
No comments:
Post a Comment