Да замислиме
дека сме го отфрлиле концептот дека одвивањето на трудот мора да биде под
надзор и под централизирана контрола.
Да замислиме една фабрика или компанија во која нема човек што извршува функција на газда, шеф, надреден, сопственик.
Да замислиме едно работно место кое што ќе им припаѓа исклучиво на работниците кои таму работат, и во кое целиот профит ќе го добиваат оние кои работат и ќе го делат меѓусебно.
Да замислиме работно место во кое профитот нема да им биде одземен на работниците и слеан во џебовите на паразитите газди.
Капиталистичкиот систем, за да продолжи да не експлоатира, сака да веруваме дека не е можно еден бизнис да функционира без паразит кој ќе ја присвојува целата добивка. Тоа е измислица, и дека тоа е така потврдуваат примерите подолу.
Но најпрво, како би функционирало такво место?
Да замислиме една фабрика или компанија во која нема човек што извршува функција на газда, шеф, надреден, сопственик.
Да замислиме едно работно место кое што ќе им припаѓа исклучиво на работниците кои таму работат, и во кое целиот профит ќе го добиваат оние кои работат и ќе го делат меѓусебно.
Да замислиме работно место во кое профитот нема да им биде одземен на работниците и слеан во џебовите на паразитите газди.
Капиталистичкиот систем, за да продолжи да не експлоатира, сака да веруваме дека не е можно еден бизнис да функционира без паразит кој ќе ја присвојува целата добивка. Тоа е измислица, и дека тоа е така потврдуваат примерите подолу.
Но најпрво, како би функционирало такво место?
Како ќе се
носат одлуките?
Работниците се
поделени во работни групи, зависно од нивните задачи. Одлуките се носат на
директно-демократски начин од оние кои ја вршат работата. Секоја работна група
праќа делегат на средбите за координација на активностите во рамки на нивната
секција од работното место. Секоја секција праќа делегат на средбите за
координација во рамки на целото работно место.
Делегатот има
улога да ги пренесе колективните одлуки и нема авторитет врз групата. Не смее
да изнесува сопствен став спротивен од колективниот и може да биде заменет во
секое време.
Конфликтите се
решаваат преку медијација и арбитража од некој кој е незасегнат и неутрален.
Како ќе биде организиран
трудот?
Работните групи
ги планираат работните активности и ги распределуваат задачите меѓусебно. Без газда
или шеф, не мораш да чекаш некој да ти одобри секаква ситница, туку едноставно
постигнуваш согласност со твоите колеги за тоа што треба да се сработи. Самите одлучуваме
кои задачи кои ги бара нашата компанија најмногу не` привлекуваат. Комитетот за координација (составен од делегати од сите
секции) ја координира работата и распределбата на ресурси помеѓу групите. Преку
овој комитет се врши и размената на информации кои се неопходни за тековната
работа.
Комитетот за
координација исто така води сметка за буџетот на компанијата и за останати
задачи од типот на сметководство, набавка и продажба, така што производството е
определено од побарувачката на производите или услугите на компанијата.
Ако работниците
заедно се согласат дека производството захтева повеќе работна сила, нови работници
ќе се придружат на тоа работно место.
Кој ќе ги плаќа
работниците?
Самите работници
одлучуваат колкав дел од приходот ќе оди за одржување на бизнисот, а колкав дел
ќе оди како компензација за нивниот труд. Без управниот „труд“ на газдите и шефовите,
секоја работна задача станува еднакво неопходна, како физичката, така и
менталната. Работниците можат сами да изберат дали ќе го делат приходот на
еднакви делови, или ќе земаат плата според тоа кој колку часови работел.
Без газди,
шефови и акционери, многу повеќе пари ќе одат кај тие што навистина работат.
А што е со
бенефициите?
Без газди,
повеќе нема да бидеме сметани како потрошни добра.
Здравствено осигурување,
детски додатоци, инвалидско осигурување, платен одмор, платено боледување и
пензионирање – сево ова, за кое инаку чекаме милост од газдите и од државата,
во самоорганизираното работно место е покриено со парите кои самите работници
ги заработиле и кои се наменети за одржување на работното место.
Бидејќи на
работниците (за разлика од газдите) им е во интерес да работат во безбедни
услови, дел од приходот ќе ги покрива и трошоците за безбедносна опрема, како и
за алати и обуки.
А унапредувањето
во кариерата?
Задачите се
распределуваат според нашите способности, вештини и склоности: според тоа што
знаеме, сакаме и можеме да го работиме. Во самоорганизирано работно место нема
„лижење газови“ затоа што никој никому не му кажува што да работи, и луѓето се
платени врз основа на нивниот труд, а не нивната позиција.
Со текот на
работењето учиме како да работиме се` посложени задачи. Самоорганизираните работни
места организираат обуки/пракса за новите работници да се запознаат со
процедурата на работење.
Кога сите сме
еднакви и еднакво допринесуваме, нема никаков мотив кој ќе не движи да се
докажуваме како подобри од другите. Кога сите имаме можност да живееме еднакво
добро од нашата заработувачка, немаме мотив да напредуваме кон повисоки позиции
кои се подобро платени, затоа што во самоорганизираното работно место, нема
високи и ниски позиции. Секоја позиција е неопходна за крајниот продукт и е
еднакво вреднувана.
Единственото „унапредување“
е во областа на одговорноста. Бидејќи никој не е надреден, работната група им
дава најголема одговорност на оние на кои највеќе им верува. Наградата е почит
од останатите колеги со кои го делиме лебот.
А што е со
„забушантите“?
Со ослободување
од вистинските паразити на работното место (газдите и шефовите), имаме многу
повеќе луѓе кои работат и можеме да го намалиме работното време така што ќе
вклучиме повеќе луѓе. Тоа значи дека работниот ден ќе биде пократок, а
работното време пофлексибилно (врз основа на слободен договор меѓу колегите),
па така работата ќе ни биде многу помалку исцрпувачка.
Најголем дел од
стресот на работа е врзан со нашиот надреден: кога сме под притисок на рокови,
кога не е задоволен од сработеното, кога не тера да работиме повеќе и побрзо,
кога ни вика и не понижува, кога ни доцни со платата, кога не казнува со
скратена плата... Без газда, сите овие проблеми се елиминирани, а следствено и стресот
на работа е значително понизок. Кога работата не ни претставува тежина и стрес,
туку напротив, ги исполнува нашите творечки потенцијали на еден слободен начин,
тогаш сите имаме многу помал мотив да „забушаваме“ на работа.
„Забушавањето“
исто така обично е потсвесен одговор на експлоатацијата која се врши врз нас. Без
газди нема експлоатација, а тоа е уште еден елиминиран мотив за „забушавање“.
Оние кои, и
покрај се`, од некоја причина преферираат да
„дремат“ на работа и да чекаат другите да ја завршат работата, крадат од нас
останатите. Од нас работниците зависи дали и кога нечија мрзеливост ќе се смета
како неправедна спрема останатите. Работниците кои пробуваат да живеат од
туѓиот труд ќе бидат исфрлени од работното место на заедничка одлука на нивните
соработници.
Работничкото самоорганизирање не само што не е утопија, туку е долга историска пракса која најдобри резултати покажала токму во капитализмот. Не само што го ослободува работникот од експлоатацијата на капиталистичката класа, туку и, наспроти сите тврдења на капиталистичките економисти, се покажала како барем еднакво ефикасна како и хиерархиската поделба на трудот, а во најголем број случаи, и поефикасна и поуспешна. Овде прочитајте кратка историја на работничкото самоорганизирање. Овде и овде прочитајте за успешни примери на самоуправувани работни места кои денес успешно опстојуваат на пазарот.
No comments:
Post a Comment