Борејќи се за свет без
невработеност и без газди, фабриката Vio.Me. во Грција започна со производство под
демократска работничка контрола.
„Ние сме оние кои се мачиме, а
сепак немаме леб
ние сме оние кои копаме јаглен, а
сепак сме смрзнати.
Ние сме оние кои немаме ништо,
и доаѓаме да го превземеме
светот.“
Тасос Ливадитис
(грчки поет 1922-1988)
На работниците во фабриката Vio.Me., кои во рок од
една година не добиле никакви примања, им се смачи постојано да слушаат големи и
лажни ветувања кои никогаш не се исполнуваат. Работниците свикаа работнички
совет на кој одлучија да ја превземат фабриката во свои раце и да ја разработат
сами.
Преку формален предлог кој датира
од февруари 2011 година, тие потврдија дека основањето на работничката
кооператива е под целосна контрола на работниците и бараат правно признание за
нивната работничка кооператива, како и за другите кои во иднина ќе го следат
нивниот пример. Исто така, побараа пари потребни за фабриката повторно да почне
со производство, пари кои во секој случај им припаѓаат ним, бидејќи тие се оние
кои ги произведуваат добрата во општеството.
Нивниот план наиде на
незаинтересираност од страна на државата и на бирократските синдикати. Од друга
страна, планот беше примен со голем ентузијазам во светот на социјалните
движења, кои преку создавање на Отворената
иницијатива на солидарност во Тесалоники – а потоа и со слични иницијативи
и во многу други градови – се борат да ја рашират пораката на Vio.Me. во општеството.
Работниците не можеа повеќе да
чекаат банкротираната држава да ги исполни своите ветувања за поддршка (1000
евра кои беа ветени од страна на министерот за труд никогаш не беа оддобрени од
страна на министерот за финансии) и самите повторно ја ставија фабриката во
прозиводство. Наместо очекуваното затворање и банкротирање на фабриката и
отпуштање на работниците како кај повеќето фабрики, тука имаме нова ситуација –
повторно отварање на фабриката, но не од некој стар или нов газда, туку од
самите вработени.
Борбата не треба да биде
ограничена само на Vio.Me. За да
се каже дека таа е победник, овој принцип на самоуправување треба да се рашири
во сите фабрики и бизниси кои се затвараат, бидејќи само преку мрежа на
самоуправувачки фабрики Vio.Me ќе биде
во можност да напредува и да го осветли патот за поинаква организација на
производството и за економија без експлоатација, нееднаквост или хиерархија.
Кога фабриките се затвораат една
после друга, невработеноста постојано расте и мнозинството од населението се
осудени на сиромаштија и мизерија од страна на владејачката коалиција на ПАСОК
и НД – ДИМАР, која продолжува со политиката на претходните влади. Барањето со
фабриките да управуваат работниците е единствен разумен одговор на катастрофата
која ја искусуваме секој ден и единствен одговор на невработеноста, велат
грчките работници.
No comments:
Post a Comment