30.3.13

Анархисти? Нели се тоа луѓе кои сакаат безредие и хаос?

Накратко, тоа не е точно. Наспроти вообичаените верувања, анархистите се залагаат за поприлично организирано општество, во кое работните места и заедниците се рамноправно самоуправувани од луѓе кои таму работат и живеат. 



Во овој момент, мала група на политичари и бизнисмени ги носат клучните одлуки кои имаат влијание врз нашите животи. Одлуките ги носат во интерес на профит и на економско – политичките елити, а не во интерес на обичните луѓе, на мнозинството. Наместо тоа, анархистите би сакале луѓето да донесуваат одлуки сами за себе, одлуки кои се однесуваат на заедницата и на работните места, односно би ја превземале контролата врз сопствениот живот.

Анархизмот е начин на размислување за тоа како општеството би требало да биде рамноправно организирано, истовремено се противи на системот во кој мнозинството не донесува одлуки и не ги ужива плодовите од модерното општество – плодови кои моментално се неправедно резервирани за економско – политичката елита. Анархизмот е вредносен систем, од кој најмногу се издвојува барањето за култура на отпор и солидарност – како предуслов за праведно и рамноправно општество.

No comments:

Post a Comment