Насилство е да работиш 50 години за мизерна плата и да се
надеваш дека ќе преживееш до пензија...
Насилство е зголемување на даноците за храна, лекови,
книги, а истовремено намалување на даноците на корпорацискиот профит и на
луксузните добра...
Насилство е укинување на социјалната помош и државната
поддршка за најсиромашните, додека истовремено финансиски се помагаат банките и
тајкуните...
Насилство е кога мораш да земаш кредити од банка за да
можеш да се школуваш...
Насилство е да бидеш принуден да се задолжуваш со кредити и
цел живот да бидеш во должничко ропство и под уцена на банките...
Насилство е правото на работодавецот да те отпушти кога ќе
посака...
Насилство е невработеноста и несигурноста на работното
место...
Насилство е кога мораш да криеш дека си бремена за да не
добиеш отказ...
Насилство е со месеци да работиш без плата и потоа да
останеш без работа, затоа што твојата корумпирана власт ја продала за никакви
пари фабриката во која си работел цел живот...
Насилство е кога мораш да работиш за 150 евра месечно,
затоа што немаш пари да си платиш факултет...
Насилство е да произведуваш добра кои можат да ги купат
само богатите и кои никогаш нема да можеш да ги допреш...
Насилство е кога преку константна пропаганда те убедуваат
дека вината за твојата беда лежи во твојата мрзеливост, неспособност и
неамбициозност, а не во структурата на самиот систем...
Насилство е кога добиваш „право на одлучување“ еднаш на
секои четири години, и кога очекуваат да ја славиш таквата „демократија“...
Насилство е кога државата е обезбедена со закони кои ги
штитат богатите, и кога си принуден да ги почитуваш тие закони, зошто државата
држи монопол над физичката принуда...
Насилство е кога си присилен да земаш антидепресиви и
витамини како би го преживеал убиточното темпо на работа и прекувремените
неплатени часови...
Насилство е кога си во позиција на имигрант и живееш во
постојан страв од депортација и од фашистички банди...
Насилство е кога, шетајќи по градот, си снимен безброј пати
од надѕорни камери...
Насилство е кога истовремено си и наемна работничка и
домаќинка и мајка...
Насилство е кога си понижуван на работа, а притоа должен да
се смешкаш и да бидеш пристоен...
Насилство е тоа што сите наши животи, сите наши работни
места, целата наша заедница и целата планета се подредени на мотивот за профит
на мала група луѓе.
НАСИЛСТВО НЕ Е САМО ФИЗИЧКИОТ НАПАД. СЕКОЈ ВИД НА ПРИНУДА,
ЗАКАНА И СУБОРДИНАЦИЈА РЕЗУЛТИРА ВО ЧОВЕЧКО СТРАДАЊЕ И БЕДА. СЕКОЈ СИСТЕМ,
ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ОВОЈ ВО КОЈ ЖИВЕЕМЕ, КОЈ СЕ БАЗИРА НА ПРИНУДА, ЗАКАНА И
СУБОРДИНАЦИЈА, Е НАСИЛЕН ПО ДЕФИНИЦИЈА.
ДРЖАВАТА Е АПАРАТ ВО РАЦЕТЕ НА НАЈМОЌНИТЕ И НАЈБОГАТИТЕ,
КОИ НАС ОСТАНАТИТЕ НЕ ДРЖАТ ПОД КОНТРОЛА СО ПОМОШ НА КОНСТАНТНО НАСИЛСТВО.
ЗБОРОТ „НАСИЛСТВО“ ТИЕ ГО УПОТРЕБУВААТ САМО ТОГАШ КОГА ЌЕ
СЕ ОБИДЕМЕ ДА СЕ ОДБРАНИМЕ ОД НИВНОТО НАСИЛСТВО.
No comments:
Post a Comment