Црвено – црното знаме е симбол на интернационалното слободарско работничко движење. Неговите бои ги симболизираат основните принципи и цели на револуционерниот синдикализам (анархистичкиот синдикализам):
- црвена - материјална и социјална рамноправност
- црна - од анархистичкото знаме, слобода и солидарност.
Црвената симболизира класна борба, а црната ги симболизира анархистичките принципи и цели кои ја хранат желбата за борба против авторитетот и отпор против секаква соработка и интеграција во системот.- црвена - материјална и социјална рамноправност
- црна - од анархистичкото знаме, слобода и солидарност.
Насоката на дијагоналата која оди од долу спрема врвот е симбол за растот на револуционерното расположение како и движењето како целина, т.е. желбата за ослободување од наемното ропство.
Користењето на црвеното – црно знаме е изјава која оди во прилог на интернационализмот, заедништвото и солидарноста, нераздвојноста на целото човештво без обзир на линиите на картите.
*****************************
Кога ќе се остварат наведените цели: социјална, политичка, материјална и општествена рамноправност, слобода и солидарност, знамињата одат во заборав, со нив ќе бришеме чевли, ќе ги користиме како чаршафи, навлаки, прекривачи – никакви симболи не се над здравиот разум, критичноста и напредокот на целото човештво. Ние не сме робови на симболот, симболите ни служат само за да се препознаеме на улица, обединиме и победиме.
No comments:
Post a Comment