
Но пред фактите
и боговите молчат, а историјата ни покажува дека не само што имало примери на
работничко самоуправување, туку и дека тие биле масовни; дека не само што биле
масовни, туку и биле ефикасни, успешни, полезни за работниците и здрави за
општеството; дека тие работници кои учествувале во овие „проекти“ добро знаеле
дека ништо не може да го оправда присвојувањето на туѓите плодови и
експлоатацијата за сопствен луксуз; и дека заедничка причина за краткиот век на
речиси сите историски примери е единствено насилното уривање на овие
самоорганизирани колективи од страна на реакционерни сили, фашисти, капиталисти
и сите останати поклоненици на власт и моќ.
Претставувањето
на овој концепт не е од носталгични примери. И денес, иако е многу потешко, има
бројни примери низ светот на самоорганизирани фабрики, земјоделски колективи или
индустриски гранки, а за некои од нив можете да прочитате овде и овде.
Синдикализмот во
Италија
Федерацијата на
италијанските производители на шишиња беше организирана во 1901 година. Таа ја
отвори првата кооперативна фабрика за стакло кон крајот на 1902 во Милано, со
пари собрани од самите работници, со цел да се обезбеди работа за 150 работници
во штрајк. Кооперативата купи и изгради фабрики во Ливорно, Имола,
Сесто-Календо и Асти, и изнајми уште една во близина на Наполи. До 1906
Федерацијата вработуваше 2000 работници, нејзините фабрики вредеа 750.000 лири
и имаше годишна заработка од 300.000 лири.
Синдикализмот во
Италија беше ослабнат кога работниците масовно беа испратени да се борат во
Прва светска војна, а потоа беше комплетно уништен од фашистичката диктатура.
Анархистичките
комуни во Украина
Кога Болшевиците
ја повлекоа Русија од Првата светска војна, се согласија да ја предадат Украина
на германците и австријците. До 1921 анархистите – партизани, под водство на
Нестор Макно, ги протераа окупациските сили, ги победија полските и украинските
националистички реакционерни сили и ослободија цел регион северно од Кримеа. Огромни
земјоделски земјишта од овој регион кои беа преземени и колективизирани од
страна на селаните под анархистичко влијание цутеа, додека останатите региони
каде што немаше анархистичко присуство беа ограбени, пропаѓаа и гледаа на
анархистичките комунални земјоделски села како на модел за напредок. Партизаните
на Макно водеа герилска војна против Црвената армија откако Болшевиците почнаа
да ги форсираат сите синдикати и колективи да паднат под контрола на
болшевичката диктатура. Болшевиците подоцна вратија многу од колективизираните
земјишта на нивните сопственици пред колективизацијата.
Анархо-синдикализмот
во Шпанија

No comments:
Post a Comment