Showing posts with label Историја на класната борба. Show all posts
Showing posts with label Историја на класната борба. Show all posts

12.1.14

Без испален куршум (за „светецот“ Ганди и митот за ненасилната победа над колонијализмот)

Ненасилство! Колку прекрасна идеја. Со години наназад се величи, благодарејќи на Ганди. Од тогаш па до денес, низ целиот свет одекнуваат неговите зборови кои говорат за стравотиите на насилство и за среќата која ја очекува секоја личност која ќе одлучи да ги скроти своите страсти. Бидејќи таа доктрина доаѓа од една од најсиромашните земји во светот; бидејќи ние штом ја слушнеме, пред очите ни се појавува слика од тој свет човек кој за да ги реализира своите идеи, се откажал од се` и живеел многу скромно; бидејќи не можеме да заборавиме дека британските колонијални власти го имаат уапсено поради застапување на такви идеи; бидејќи знаеме дека трагично загина како маченик за слобода – неговите ставови мора да допрат до нашите срца.

10.1.14

Набави револвер!

Набави револвер! Разбра?
Набави револвер. Што порано, тоа подобро. Купи, позајми или укради. Поентата е дека треба да бидеш вооружен. Дали можеби мислиш дека револуцијата ќе правиме со конфети и балони, како да е карневал? Дали мислиш дека капиталистите ќе ги предадат полињата и фабриките онака како што своите ќерки ги предаваат на милионерите? Дали си толку наивен да веруваш во можна хармонија помеѓу работниците и газдите? Зар не гледаш како секој ден насекаде во светот – кога работниците бараат некои подобрувања, се појавуваат оловни војници кои носат пушки и бајонети? Зар не виде дека за време на штрајкот на нашите другари возачи на трамваи, се покрена цела армија во заштита на издајниците? Ако тоа се случува поради некои жалби или барања за подобрување, што ќе се случи кога ќе побараме право на земја, живот и слобода. Размисли за тоа.

28.10.13

Интересен дијалог помеѓу гемиџиите Петар Манџуков и Павел Шатев

...Од збор до збор нивниот разговор стануваше се пожесток и пожесток. Најпосле нивното разговарање се претвори во караница:

Петар Манџуков: Анархизмот е за храбрите. За оние што свесно својата глава ја подметнуваат под мечот. Освен тоа, методите и тактиките на анархистите се најприкладни за овие наши услови.

Павел Шатев: Глупости! Не верувам во поединечните акции, доколку тие не се најава на едно поголемо, посилно, организирано движење, што ќе дојде по нив. Социјалистичкото движење има за цел да ги покрене масите, а тоа веќе е нешто.

25.10.13

„Отм’штение“ (одмазда), весник на македонските анархисти - гемиџиите

Еден од пишаните документи што останаа од Гемиџиите е воведниот материјал на весникот „Отм’штение“ (одмазда), објавен без каков и да е наслов. 

Извадок од воведниот материјал:

„...Во светската борба за сеопшта среќа, за економска слобода, во тоа движење напред, земаат учество само неколку народи. Еден од нив е македонскиот, окован политички, умствено и морално.

Некои од гемиџиите

11.10.13

Македонските револуционери не биле националисти

Македонските револуционери никогаш не се бореле за чиста Македонија или Македонија на македонците.
Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.

16.9.13

Кратка историја на работничко самоорганизирање

Работничкото самоорганизирање низ историјата, особено по индустриската револуција и цутот на капитализмот, се покажува почесто и помасовно отколку што сме запознаени. Капиталистичките економисти бесконечно би не убедувале дека производството без централизирана контрола ќе биде хаотично и неефикасно; дека ниту еден бизнис не може да функционира без негов управител/шеф/газда и дека е сосема оправдано еден газда да го цица од работниците најголемиот дел од профитот без воопшто да работи, а врз основа на фактот дека поседува приватен имот. Издвојувањето на т.н. управен „труд“ од преостанатиот (работнички) труд за капиталистите е неоспорна претпоставка за задоволување на потребите на луѓето преку производство. Се рабира, за малку други нешта може да се каже дека се поголема лага од оваа глобална измислица, која им дава оправдание на капиталистите да го експлоатираат трудот на работниците.

15.9.13

Првите анархофеминистки: Ни бог, ни газда, ни сопруг


Првата анархофеминистичка група за која е познато настанала како дел од широкото анархистичко движење во Аргентина во XIX век. Тогаш во печат излегувал првиот анархофеминистички весник La Voz de la Mujer (Гласот на жената). La Voz de la Mujer излегол прв пат во Буенос Аирес на 8 јануари 1896, и потоа уште само 9 пати. Настанокот и уредништвото на весникот биле под големо влијание на шпански доселеници и доселенички.

La Voz de la Mujer се опишувале себеси како „посветени на унапредување на анархокомунизмот“. Нивна средишна тема била природата на угнетување на жената. Уредничките на весникот велеле: „Ние веруваме дека во денешното општество никој и ништо не се наоѓа во поочајна состојба од несреќната жена.“ Жените, велеле тие, се двоструко експлоатирани: и од владејачката класа, и од мажите.

13.6.13

До еден работник

Да бидеш човек, да имаш топла крв, 
да мислиш со глава и да работиш со рака
 и па да бидеш нешто мртво.

 През цел свој живот и ден и ноќ
 да се трудиш и мачиш
 и па да бидеш гладен и страден.

17.4.13

Деца на борбата


Деца на борбата 


Во нашите раце железо се топи

во градите срце челично бие

од одот земјата се стресува

како да сме ветар или бура ние.

А токму на широките плоштади

не чека таа со својот шум

впивајќи љубов во нашите гради

и нова верба во нашиот ум.

9.4.13

Колективите за време на Шпанската револуција (1936 - 1939)


Повеќето ќе се сложат дека анархистичкиот принцип „секој спрема можностите, секому според потребите“ е добра идеја. Самоуправувачко општество во кое сите ќе имаат право да учествуваат во донесувањето на одлуките за тоа како ќе се развиваат работите е привлечен идеал. Може да ја пеете „Imagine“ од  Jonn Lennon, а сепак да одмавнете со главата и да кажете дека тоа е нешто неостварливо во „реалноста“. Најчесто ќе ви кажат дека „во природата“ на луѓето е да бидат себични и егоцентрични и дека обидот за создавање на такво општество би довело до хаос.

Сепак, низ историјата на 20 век, обичните работници успевале да ги преземат работите во свои раце. Никаде се немаат толку блиску приближено до идеалот за вистинско анархистичко самоуправувачко општество како што тоа беше направено во големите делови на „републиканската“ Шпанија за време на Шпанската граѓанска војна. Всушност, во тој краток период од неколку години, селските и градските работници и работнички демонстрирале дека спротивно од хаос, анархизмот е многу ефикасен, посакуван и остварлив начин на управување со општеството.  

19.2.13

АНАРХИЈА (поема)


Секогаш озлогласена, наклеветена, никогаш разбрана, 
Ти стравотен терор на нашата епоха.
„Руина на сиот ред“, крикнува народот,
„Ти, бескрајно силување на војна и убиства“
О пушти ги нека викаат. За нив што никогаш не настојувале
Вистината што лежи зад збор да се пронајде,
За нив вистинското значење на зборот никогаш не беше дадено.
Тие ќе продолжат слепо меѓу слепите.
Но ти, о збору, толку јасен, толку силен, толку чист,
Ти кажуваш се’ што јас за цел си зедов.
Јас те давам тебе на иднината! Ти ќе бидеш обезбедена
Кога сите самите ќе се разбудат,
Дали ќе дојде со светлината на сонцето? Со возбудата на бурата?
Не можам да кажам – но земјата ќе види!
Јас сум Анархист! Каде што јас нема да владеам
И владеан нема да бидам!

Џон Хенри Мекеј