Showing posts with label Солидарност со затворените анархисти. Show all posts
Showing posts with label Солидарност со затворените анархисти. Show all posts

29.6.14

Сите затвори во пламен: солидарност со затворените другари и другарки

(Грција) Масовен затворенички штрајк со глад против новиот терор над затворениците


Aко сите се сложуваме дека нема ништо попрекрасно од затвор во пламен, тогаш ајде да ги вооружиме нашите мечти и да се фатиме за работа.


Во текот на наредната недела грчката влада ќе гласа по новиот предлог закон поврзан со создавање на нови и побрутални услови во концентрационите кампови, преку отворање на таканаречени затвори од Тип Ц. Новиот закон посебно се фокусира на затворениците осудени за тероризам и слични дела против државата и во него се предвидуваат нови услови кои имаат за цел комплетно да ги изолираат таквите затвореници, да ги лишат од сите „привилегии“ кои ги „уживаат“ останатите затвореници, како и максимално да ги продолжат нивните казни, така што оние другари што се означени како „опасни“ практично се под закана никогаш да не излезат од кафезот на теророт.

9.2.14

Изјава на затворениот анархист Никос Романос на неговото судење

Судскиот процес, започнат 03.02.2014, содржи повеќе случаи. Никос Романос, Јанис Михаилидис и Аргирис Далиос се обвинети за случајот со двете куќи во Волос и Калитеа (обете засолништа на герилската група Заговор на огнените ќелии), Јанис Михаилидис за вооружената пресметка со цајканите во Пефки (инцидентот при кој е уапсен Теофилос Мавропулос), Григорис Сарафудис, Јанис Михаилидис, Димитрис Политис, Аргирис Далиос и Фивос Харисис за грабежот на банката Агротики во Чалџиево (префектура Лерин) и Григорис Сарафудис за грабежот на подружницата на истата банка Агротики во Пиргето (Лариса).

Црн Блок се солидаризира и ги поддржува затворените анархисти, чија експропријација на брутално натрупани банкарски пари е истовремено чин на отпор против храмовите на капиталот, средство за ослободување од наемното ропство и начин на финансирање на војната против општеството на власт и репресија. 
 
Долу е во целост пренесена изјавата на Никос Романос од неговото судење на 03.02.2014, преведено од Заговор на еднаквите.

6.2.14

Солидарност со уапсената анархистка Tamara Sol

Tamara Sol Farias Vergara падна во рацете на полицијата на 21 јануари 2014 под обвинение дека истиот ден испразнила 4 куршуми во телото на еден од чуварите на капиталот во Banco Estado во Сантијаго, Чиле. Беше уапсена откако полицијата ја фати со оружјето кое му припаѓало на чуварот. 

3.1.14

Солидарност со Спирос Стратулис: 22 години заложник на грчките затвори



Другарот Спирос Стратулис беше затворен во грчките затвори уште на 17 годишна возраст, и веќе 22-ра година по ред се наоѓа во необична заложничка ситуација. Две децении Спирос се бори со репресијата на затворскиот систем, и секогаш со достоинство: десетиците писма на солидарност кои ги има испратено, отворените обзнанувања на затворските услови и учеството во затворски бунтови, штрајкови со глад и судири со чуварите – се` е тоа дел од неговата долга борба одвнатре, и сето тоа по скапа цена.

26.12.13

Солидарност со Франсиско и Моника – заложници на шпанскиот затворски систем

Нема крај на институционалната репресија над анархистите:

На 13 ноември 2013, петорица анархисти беа уапсени во Барселона под обвинение за припаѓање на терористичка организација и за поставување на експлозивна направа во црквата Basilika del Pilar (Сарагоса, Шпанија). Случајот беше префрлен во Врховниот суд во Мадрид и тројца од нив беа ослободени од обвиненијата, додека двајца беа затворени додека ја чекаат пресудата. Затворените другари, Моника Кабајеро и Франсиско Солар моментално се наоѓаат во два различни затвори во Мадрид, Навалкарнеро и Естремера. Се наоѓаат во добра состојба. 

2.11.13

Побројни сме од нивните затворски ќелии: СОЛИДАРНОСТ СО СИТЕ ЗАТВОРЕНИ АНАРХИСТИ!

Во август 1927 година, двајца италијански анархисти по име Сако и Ванцети беа погубени на електрична столица во Масачусетс, САД, под пресуда за убиство. Судиите не биле заинтересирани за очигледните докази за нивната невиност, а ниту признанието на човек по име Мадеирос, кој тврдел дека тој ги извршил убиствата, не ја промени смртната пресуда на двајцата анархисти. За судиите во САД не било важно дали Сако и Ванцети се убијци - обвинението за убиство секако послужило само како маска на случајот. Сако и Ванцети беа убиени поради тоа што беа ангажирани милитантни анархисти, или како што и еден од судиите самиот тогаш рече: „Тие се непријатели на институциите на системот, а тоа само по себе е злочин“.