Showing posts with label Работничка борба. Show all posts
Showing posts with label Работничка борба. Show all posts

29.10.13

Анархистите - водечка сила во актуелните масовни протести во Бразил


Кога гранатата со солзавец  ѝ падна пред нозете, млад човек со маска на лицето ја зграпчи и ја фрли назад кон полицијата. Во овој момент Андреа Коелјо, учителка во градинка, одлучи дека е на негова страна и ги поддржува неговите истомисленици анархисти .

Коелјо е една од илјадниците учителки демонстранти во центарот на Рио де Жанеиро со барање за подобри плати и услови за работа. Полицијата повторно одлучи брутално да ги растера демонстрантите. Во претходните денови штрајкувачите наставници беа тепани и влечени од полицајци.

"Black Bloc ме заштити во протестот " , рече 47-годишната Коелјо во почетокот на протестот минатата недела, кој повторно се претвори во судир меѓу анархистите и полицијата.

16.9.13

Работничко самоорганизирање: Можеме ли без газди?

Да замислиме дека сме го отфрлиле концептот дека одвивањето на трудот мора да биде под надзор и под централизирана контрола. 
Да замислиме една фабрика или компанија во која нема човек што извршува функција на газда, шеф, надреден, сопственик. 
Да замислиме едно работно место кое што ќе им припаѓа исклучиво на работниците кои таму работат, и во кое целиот профит ќе го добиваат оние кои работат и ќе го делат меѓусебно. 
Да замислиме работно место во кое профитот нема да им биде одземен на работниците и слеан во џебовите на паразитите газди. 

Капиталистичкиот систем, за да продолжи да не експлоатира, сака да веруваме дека не е можно еден бизнис да функционира без паразит кој ќе ја присвојува целата добивка. Тоа е измислица, и дека тоа е така потврдуваат примерите подолу. 

Но најпрво, како би функционирало такво место?

Кратка историја на работничко самоорганизирање

Работничкото самоорганизирање низ историјата, особено по индустриската револуција и цутот на капитализмот, се покажува почесто и помасовно отколку што сме запознаени. Капиталистичките економисти бесконечно би не убедувале дека производството без централизирана контрола ќе биде хаотично и неефикасно; дека ниту еден бизнис не може да функционира без негов управител/шеф/газда и дека е сосема оправдано еден газда да го цица од работниците најголемиот дел од профитот без воопшто да работи, а врз основа на фактот дека поседува приватен имот. Издвојувањето на т.н. управен „труд“ од преостанатиот (работнички) труд за капиталистите е неоспорна претпоставка за задоволување на потребите на луѓето преку производство. Се рабира, за малку други нешта може да се каже дека се поголема лага од оваа глобална измислица, која им дава оправдание на капиталистите да го експлоатираат трудот на работниците.

22.8.13

Година дена од масакрот на рударите во Јужна Африка

Пред година дена, припадници на полицијата убија 36 рудари обидувајќи се да го разбијат масовниот штрајк во рудникот за платина во Марикана во Јужна Африка.

30.5.13

Гневни работници оштетиле над 30 нови „Фијати 500 Л“

-
Работниците од фабриката „ФИЈАТ автомобили во Србија“ со штрафцигери оштетиле повеќе од 30 нови возила „Фијат 500 Л“ испишувајќи навредливи пораки упатени кон шефот на смената и газдите на фабриката.

27.5.13

Како да го отпуштите својот газда?

Понижувањето низ кое поминуваат работниците, најдобро го разбираат оние кои работат. Демократијата, врз која е нашето општество наводно засновано, престанува да важи оној момент кога ќе дојдеме на работа. Без обзир која работа ја работиме и како е работниот процес организиран, имаме секакво право да бидеме гневни на својот газда, затоа што како плата добиваме само мал дел од она што произведуваме, а остатокот тие го присвојуваат за себе како профит.
Единственото вистинско решение е да создадеме општество во кое работниците ќе ги донесуваат сите одлуки кои се однесуваат на производството и производите – општество во кое секоја личност е сита, облечена и има покрив над глава. Во меѓувреме, додека не се избориме за вакво општество, треба да осмислиме некаква стратегија со која ќе се бориме против секојдневната експлоатација.

12.5.13

Мобинг?! Не, експлоатација!

Владата минатата недела го усвои Предлог законот за заштита од вознемирување на работното место или популарно наречен Предлог закон за заштита од мобинг. Психичкото вознемирување, според овој закон, се дефинира како „секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост.“ Потребата од овој закон, како што наведува владата, е заштита на работникот од нарушување на неговото достоинство, од можноста работникот да се чувствува изолирано и понижено и од влошување на условите во кои работи.

10.5.13

Синдикатот на ОХИС во скутот на газдата - владата


07.05.2013

Првиот протест на Охис оваа година. Работниците ја блокираа Првомајска улица иако нивниот синдикат сакаше пак да ги шета пред Влада. Мало потсетување - при крајот на минатата година работниците од ОХИС, два месеца стоеја пред глувата влада на инсистирање на синдикатот иако со тоа не им се реши статусот. На овој протест, откако завршија со блокирање на улицата (блокадата траеше 2 часа), синдикатот го собра своето стадо и им соопшти дека следниот протест е во петок. Протестираат само во вторник и петок затоа што тогаш имаат бесплатен превоз, во спротивно со оглед на тоа дека немаат земено плата 18 месеци, една автобуска карта за работниците од Охис е луксуз. Иако некои од работниците имаа предлози и сакаа да ги споделат, нивниот „преставник“ остана глув и едноставно не чувствуваше потреба да ги слушне предлозите на оние кои ги „преставува“.



7.5.13

Повик за солидарност со работниците од ОХИС


Работниците од ОХИС, утре (среда) 08.05.2013 во 09:00 часот во ОХИС ќе започнат со штрајк за да се изборат за своите основни права: правото на леб и на здравствено осигурување, кои на овие луѓе веќе со години им се скратени. Државата им должи на работниците од ОХИС 18 плати. Стотина од нив, главно од непроизводните сектори, сеуште одат на работа, месец за месец, без никаков надоместок. Седумстотини други се на принуден одмор. Гладот, изнемоштеноста, болеста, стресот и сите останати несреќи кои ѝ се пропратни на сиромаштијата, само минатиот месец однесоа шест напатени работнички животи, и уште многу претходно.

Потребно е да покажеме солидарност со работниците и да излеземе заедно на штрајк со цел да спречиме уште една криминалната приватизација на фабрика. Од 09:00 до 10:00 ќе штрајкуваат во фабриката а од 10:00 ќе ја блокираат ул. Првомајска.



Повик за протест, затоа што твојата солидарност не е солидарност ако не си на него!

28.4.13

Анархосиндикализам?


Анархизам е револуционерна политичка струја која смета дека „слободата без социјализам е привилегија и неправда а социјализам без слобода е ропство и бруталност.“
Синдикализам е работничко движење каде работниците се обединети на економска основа како би се бореле за своите интереси.

Анархосиндикализам е анархизам применет во работничките движења. Слободарските организации се движат од мали едукациски групи до големи и масовни револуционерни синдикати а контролата кај нив се спроведува одоздоле па нагоре.

23.4.13

ДРЖАВА УБИЕЦ: Приказната за ОХИС


Во ОХИС околу 20 луѓе го изгубија својот живот во последниот период поради стресот, гладдта и болестите кои следеа по бедата што ги обзема животите на овие работници откако нивната фабрика беше уништена. Бедата на овие луѓе им ја донесе доминантниот сопственик на ОХИС - државата, здружена со интересите на капиталистите, тие општествени паразити кои вечно се во потрага по брз начин за богатење, често и по цена на работничка крв. Фабриката почнаа постепено да ја уништуваат за да можат криминално да ја приватизираат и сега кажуваат дека е загубар и дека пробуваат да го најдат најдоброто решение. Постојано менуваат менаџерски тимови кои требa да најдат „спас“ и најчесто тие тимови наоѓаат спас за себе, односно си ги полнат своите џебови, а за работниците од Охис никогаш нема средства за плата. Сите овие тимови полека но сигурно ја уништуваа фабриката - сечењето на железото во погоните е само еден пример - и откако ќе земеа одредена сума од кирии и продажба на делови, државата ставаше друг менаџерски тим за и други да се збогатат, додека работниците од ОХИС размислуваат како да го преживеат денот без скршен денар во џебот. 

30.3.13

Работничко самоуправување во Аргентина


  „Фабрика без газди“


После 10 години чекање и тешко извојувана борба за своите работнички права, работниците на една фабрика за керамички плочки во Аргентина, при крајот на мината година го дочекаа денот кога од државата и службено им потврдија дека фабриката им припаѓа на нив. Превземањето на фабриката која била напуштена од сопственикот ја потврди тезата дека работничката сложност може да направи многу повеќе отколку сите бирократизирани синдикати и европски социјалдемократи.
Луиџи Занон, познат италијански бизнисмен кој живеел во Аргентина, високо котирал меѓу богатите аргентинци затоа што во Риколети го направил најголемиот забавен парк во Латинска Америка наречен Италпарк. Во 1979 одлучил да го прошири својот бизнис и отворил фабрика за производство на керамички плочки вo Неукена, Патагонија.

16.3.13

Фабрика во Грција без газди, управувана од работниците!


Борејќи се за свет без невработеност и без газди, фабриката Vio.Me. во Грција започна со производство под демократска работничка контрола.

„Ние сме оние кои се мачиме, а сепак немаме леб
ние сме оние кои копаме јаглен, а сепак сме смрзнати.
Ние сме оние кои немаме ништо,
и доаѓаме да го превземеме светот.“
                             Тасос Ливадитис (грчки поет 1922-1988)