29.6.14

Сите затвори во пламен: солидарност со затворените другари и другарки

(Грција) Масовен затворенички штрајк со глад против новиот терор над затворениците


Aко сите се сложуваме дека нема ништо попрекрасно од затвор во пламен, тогаш ајде да ги вооружиме нашите мечти и да се фатиме за работа.


Во текот на наредната недела грчката влада ќе гласа по новиот предлог закон поврзан со создавање на нови и побрутални услови во концентрационите кампови, преку отворање на таканаречени затвори од Тип Ц. Новиот закон посебно се фокусира на затворениците осудени за тероризам и слични дела против државата и во него се предвидуваат нови услови кои имаат за цел комплетно да ги изолираат таквите затвореници, да ги лишат од сите „привилегии“ кои ги „уживаат“ останатите затвореници, како и максимално да ги продолжат нивните казни, така што оние другари што се означени како „опасни“ практично се под закана никогаш да не излезат од кафезот на теророт.

14.5.14

Дејвид Грејбер: Фрагменти на анархистичката антропологија

ДА ГИ РАЗНЕСЕМЕ ЅИДОВИТЕ
 
Предупредив дека анархистичката антропологија всушност не постои. Постојат само фрагменти. Во првиот дел од оваа расправа пробав да соберам некои од нив и да им побарам заеднички теми; во овој дел би сакал да посегнам подалеку и да замислам корпус на социолошка теорија, која можеби ќе постои некогаш во иднина.

24.2.14

Цајканот во нашите глави: Размисли за анархијата и моралноста

Во моите патувања изминатите неколку месеци, зборував со многу анархисти кои анархијата ја сфаќаат како морален принцип. Некои одат толку далеку што за анархијата зборуваат како да е некакво божество на кое тие се оддале - зајакнувајќи го моето мислење дека оние што навистина сакаат да искусат анархија можеби ќе треба да се разведат од анархизмот. 

9.2.14

Изјава на затворениот анархист Никос Романос на неговото судење

Судскиот процес, започнат 03.02.2014, содржи повеќе случаи. Никос Романос, Јанис Михаилидис и Аргирис Далиос се обвинети за случајот со двете куќи во Волос и Калитеа (обете засолништа на герилската група Заговор на огнените ќелии), Јанис Михаилидис за вооружената пресметка со цајканите во Пефки (инцидентот при кој е уапсен Теофилос Мавропулос), Григорис Сарафудис, Јанис Михаилидис, Димитрис Политис, Аргирис Далиос и Фивос Харисис за грабежот на банката Агротики во Чалџиево (префектура Лерин) и Григорис Сарафудис за грабежот на подружницата на истата банка Агротики во Пиргето (Лариса).

Црн Блок се солидаризира и ги поддржува затворените анархисти, чија експропријација на брутално натрупани банкарски пари е истовремено чин на отпор против храмовите на капиталот, средство за ослободување од наемното ропство и начин на финансирање на војната против општеството на власт и репресија. 
 
Долу е во целост пренесена изјавата на Никос Романос од неговото судење на 03.02.2014, преведено од Заговор на еднаквите.

6.2.14

Солидарност со уапсената анархистка Tamara Sol

Tamara Sol Farias Vergara падна во рацете на полицијата на 21 јануари 2014 под обвинение дека истиот ден испразнила 4 куршуми во телото на еден од чуварите на капиталот во Banco Estado во Сантијаго, Чиле. Беше уапсена откако полицијата ја фати со оружјето кое му припаѓало на чуварот. 

17.1.14

Не сме „другари и другарки“ на ДСП Ленка!

Пред извесно време забележавме дека на официјалниот сајт на Движењето за социјална правда Ленка сме наведени како нивни „другари и другарки“, со линк до нашиот блог. За тој потег, се разбира, не бевме консултирани. Нема ни потреба да укажуваме на иронијата во тоа што блог кој заговара милитантен анархизам се наоѓа во иста низа на „другари и другарки“ заедно со корумпирани реформистички синдикати, државни платенички НВО фондации, леви партијашки организации и бројни марксистички и троцкистички портали. Основниот проблем е во тоа што екипата од Ленка, наведувајќи не` како свои пријатели, лаже и не` клевети, поради што е нужно да ја разобличиме нивната клевета, како и да објасниме од каде сметаме дека потекнува. 

12.1.14

Без испален куршум (за „светецот“ Ганди и митот за ненасилната победа над колонијализмот)

Ненасилство! Колку прекрасна идеја. Со години наназад се величи, благодарејќи на Ганди. Од тогаш па до денес, низ целиот свет одекнуваат неговите зборови кои говорат за стравотиите на насилство и за среќата која ја очекува секоја личност која ќе одлучи да ги скроти своите страсти. Бидејќи таа доктрина доаѓа од една од најсиромашните земји во светот; бидејќи ние штом ја слушнеме, пред очите ни се појавува слика од тој свет човек кој за да ги реализира своите идеи, се откажал од се` и живеел многу скромно; бидејќи не можеме да заборавиме дека британските колонијални власти го имаат уапсено поради застапување на такви идеи; бидејќи знаеме дека трагично загина како маченик за слобода – неговите ставови мора да допрат до нашите срца.

10.1.14

Набави револвер!

Набави револвер! Разбра?
Набави револвер. Што порано, тоа подобро. Купи, позајми или укради. Поентата е дека треба да бидеш вооружен. Дали можеби мислиш дека револуцијата ќе правиме со конфети и балони, како да е карневал? Дали мислиш дека капиталистите ќе ги предадат полињата и фабриките онака како што своите ќерки ги предаваат на милионерите? Дали си толку наивен да веруваш во можна хармонија помеѓу работниците и газдите? Зар не гледаш како секој ден насекаде во светот – кога работниците бараат некои подобрувања, се појавуваат оловни војници кои носат пушки и бајонети? Зар не виде дека за време на штрајкот на нашите другари возачи на трамваи, се покрена цела армија во заштита на издајниците? Ако тоа се случува поради некои жалби или барања за подобрување, што ќе се случи кога ќе побараме право на земја, живот и слобода. Размисли за тоа.

3.1.14







Солидарност со Спирос Стратулис: 22 години заложник на грчките затвори



Другарот Спирос Стратулис беше затворен во грчките затвори уште на 17 годишна возраст, и веќе 22-ра година по ред се наоѓа во необична заложничка ситуација. Две децении Спирос се бори со репресијата на затворскиот систем, и секогаш со достоинство: десетиците писма на солидарност кои ги има испратено, отворените обзнанувања на затворските услови и учеството во затворски бунтови, штрајкови со глад и судири со чуварите – се` е тоа дел од неговата долга борба одвнатре, и сето тоа по скапа цена.

26.12.13

Солидарност со Франсиско и Моника – заложници на шпанскиот затворски систем

Нема крај на институционалната репресија над анархистите:

На 13 ноември 2013, петорица анархисти беа уапсени во Барселона под обвинение за припаѓање на терористичка организација и за поставување на експлозивна направа во црквата Basilika del Pilar (Сарагоса, Шпанија). Случајот беше префрлен во Врховниот суд во Мадрид и тројца од нив беа ослободени од обвиненијата, додека двајца беа затворени додека ја чекаат пресудата. Затворените другари, Моника Кабајеро и Франсиско Солар моментално се наоѓаат во два различни затвори во Мадрид, Навалкарнеро и Естремера. Се наоѓаат во добра состојба. 

24.12.13

Кропоткин: Анархистички морал



Овој текст е напишан во 1890 година на француски јазик, под наслов „Morale Anarchiste” за нашиот париски весник La Revolte, и подоцна е објавен како брошура.
1907, Петар Кропоткин

I.

Зошто треба да бидам морален?“ Ова прашање си го поставувале рационалистите од XII век, филозофите од XVI век, мислителите и револуционерите од XVIII век. Подоцна одново му се враќаат англиските утилитаристи (Бентам и Мил), германските материјалисти (како Бихнер), руските нихилисти во 1860-тите и 1870-тите години, и младиот основач на анархистичката етика, нажалост прерано умрениот Гијо. Истото прашање сега си го поставуваат младите француски анархисти. 

И навистина – зошто?

22.12.13

Што симболизира црвено - црното знаме?


Црвено – црното знаме е симбол на интернационалното слободарско работничко движење. Неговите бои ги симболизираат основните принципи и цели на револуционерниот синдикализам (анархистичкиот синдикализам):
- црвена - материјална и социјална рамноправност
- црна - од анархистичкото знаме, слобода и солидарност.

19.12.13

За гонетите номади - „илегалните“ имигранти

Ретко се зборува за имигрантите кои илегално преминуваат преку Македонија за да си бараат подобар живот негде низ Европа. Според медиумиве, околу 10.000 имигранти од Африка и Азија имаат поминато низ земјава спрема Србија или Грција, и уште кој знае колку за кои што не се знае. Многу од нив остануваат со месеци по шуми и ниви, гладни и боси, без скршен денар, гонети и од полиција и од ксенофобични локалци. И тие малку пари што ги понесуваат со себе бегајќи од војните и сиромаштијата во Ирак, Авганистан, Пакистан, Сомалија, Бангладеш, Алжир, Гана и бројни други бедни земји, мораат да им ги дадат на локалните банди за да им овозможат илегален премин, превоз или престојувалиште.

16.12.13

Нема да дишиме чист воздух додека постои капитализмот

По повод отровниот воздух што го дишиме во Скопје, еве кратко објаснување за тоа зошто еколошко производство е невозможно во капитализам, зошто е неодржлив животот на планетата со ваков начин на производство и зошто МОРАМЕ да му ставиме крај на капитализмот пред да биде предоцна.
 
Заштитата на животната средина е трошок за секое претпријатие, исто како и платата на работниците. Што помалку се платени работниците и што помалку се вложува во еколошки стандарди и „чиста“ технологија, толку е помал губитокот на пари на претпријатието.

Не да кукаме - да возвратиме!

Пред неколку дена, веста за ќотекот што го преживуваат од својот газда кумановските работници од компанијата „ДС Фудс“ што ја објави една телевизија, ги обиколи социјалните мрежи. Во веста со драматичен наслов (каде не е пропуштено да се напомене дека газдата е државјанин на омразената Грција) беа емитувани интервјуа со неколку од работниците во компанијата, каде кажуваат дека од лани не земале плата, дека се непријавени, дека газдата ги затварал во фрижидерите за смрзнат зеленчук на -20 за да ги скрие од инспекција и дека во повеќе наврати ги тепал со шамари и боксови.

15.12.13

Контра-вести: Европа гори!

Ова се кризни времиња за владетелите, кои последниве години, од економската криза па наваму, треперат пред масите по улиците ширум целата планета. Изминатава недела беше особено бурна во многу градови низ Европа, и должни сме да го рашириме гласот за револтот против авторитетите, кој масовните медиуми - тие подмолни слуги на државата и капиталот - нема да го пренесат.