10.8.13

Анархизмот и историјата на црното знаме

Анархизмот секогаш застапувал поопшта политичка платформа. Причините се сосема јасни: шематските планови создаваат ригидни догми и го гушат креативниот дух на револтот. Во склад со тоа и резултирајќи со истите проблеми, анархистите го отфрлија „дисциплинираното“ водство кое е присутно во многу други лево ориентирани политички групи. Причината за ваквото резонирање е сосема јасно: водството засновано на авторитет е неразделиво од хиерархијата.

Постојат голем број на извештаи за употребата на црното знаме од страна на анархистите. Можеби најпознат е примерот за партизаните и Нестор Махноа за време на Руската револуција. Под црното знаме, неговата војска поразила голем број на војски и за период од неколку години го сочувале поголемиот дел од Украина слободен од концентрираната моќ. Исто така париските студенти носеле црни (и црвени) знамиња за време на генералниот масовен штрајк во 1986.

Црното знаме во анархистичката историја

Според анархистичкиот историчар Џорџ Вудкок, Луиз Мишел позната учесничка во Париската комуна во 1871, носела црно знаме на 09.03.1883. за време на демонстрациите на невработените во Париз. Мишел извикувала: „Леб, работа или олово“. Биле опљачкани три пекари пред да ги фати полицијата.
Кратко време после тоа, црниот симбол го пронашол патот до Америка. Пол Аврич известува дека на 27.09.1884. црното знаме било носено на чикашките демонстрации.

Во уште потешки околности на 13.02.1921. е обележан датумот кој означувал крај на црните знамиња во Русија. На тој ден бил погребот на Кропоткин во Москва. Масата на луѓе кои биле во поворката која се протегала со километри, носеле црни транспаренти на кои пишувало: „таму каде што има власт, нема слобода“. Се чини дека црни знамиња во Русија немало се до основањето на движењето „Црн Бајрак“ во 1905. Само две недели после погребот на Кропоткин, избувнал Кроштанскиот бунт и анархизмот бил трајно избришан во Русија.

Во јули 1881 година „Црната интернационала“ се состанала во Лондон. Ова било обид да се реорганизира анархистичкото крило на неодамна распуштената „Прва интернационала“. Исто така постоеле и „Црна трака“ во Франција, (1882) и Mano Negra (Црна Рака) во Андалузија, Шпанија (1883). Овие датуми се непосредно пратени со демонстрациите на работниците во Париз (1883) и црните знамиња во Чикаго (1884).

Зошто црна боја?

Букчин тврди дека „црното знаме“ е симбол на работничката беда и израз на нивниот гнев и огорченост. Во истиот контекст, Алберт Мелцер, истакнува дека поврзаноста на црното знаме и бунтот на работничката класа настанале во Ремси, Франција, (1831). „Работа или смрт“ се извикувало за време на демонстрациите на невработените.

Црната боја е многу моќна боја, или анти – боја, каква што била. 1880тите биле време на екстремни анархистички активности. „Црната интернационала“ воведувањето на „пропаганда на дело“ го гледала како анархистичка палтформа. Историски, црната боја е поврзувана со крвта, исушена крв особено, како и со црвеното знаме. Така да иако била поврзана со работничкиот бунт, исто била симбол и на нихилизмот во тоа време.

Howard Ehrilch во својата книга „Reinventing anarchy“ на прашањето зошто нашето знаме е црно дава одговор кој е вреден да се цитира во потполност.

„Зошто нашето знаме е црно? Црното е сенка на негацијата. Црното знаме е негација на сите знамиња. Тоа е негација на националноста која ја спротивставува човековата раса со самата себе и го порекнува единството на човековиот род. Црното е расположение на гневот и лутината спрема сите грозни злосторства против човештвото извршени во име на верноста кон една или друга држава. Тоа е симбол за гневот и лутината поради навреда на човековата интелигенција од страна на владата преку преварите, лицемерството и ефтините измами од нивна страна.

Црното е исто така боја на жалоста; црното знаме кое ги поништува нациите исто така жали за жртвите, за милионите убиени во војните, без разлика дали се внатрешни или надворешни, заради поголема слава и стабилност на некоја проклета држава. Жали за оние чиј труд е опљачкан (оданочен) за да се плати колењето и угнетувањето на други луѓе. Жали не само над телата на мртвите, туку и за осакатеноста на духот под авторитарните и хиерархиските системи; жали за милионите замрачени мозочни клетки кои никогаш ќе немаат прилика да го спознаат светот. Тоа е боја на неутешната тага.

Но црната боја исто така е и прекрасна. Тоа е боја на одлучноста, решителноста, на силата, боја со која сите други бои се разјаснети и одредени. Црното е мистериозното опкружување на ’ртењето, на плодноста, на родната земја на новиот живот кој секогаш се развива, обновува, освежува и репродуцира во темнината. Семе скриено под земјата, чудното патување на сперматозоидите, таинственото растење на ембрионот во матката, сите нив ги опкружува и ги штити темнината.

Според тоа, црното е негација, гнев, лутина, жалост, убавина, надеж, исхрана, заштита на новите облици на човековиот живот и однос на и со земјата. Црното знаме значи дека ние сме сите тие работи. Не сме горди што ја носиме, жал ни е тоа што мораме, и се надеваме дека ќе дојде ден кога таквиот симбол нема да биде потребен.“

No comments:

Post a Comment