По повод отровниот воздух што го дишиме во Скопје, еве кратко објаснување за тоа зошто еколошко производство е невозможно во капитализам, зошто е неодржлив животот на планетата со ваков начин на производство и зошто МОРАМЕ да му ставиме крај на капитализмот пред да биде предоцна.
Заштитата на животната средина е трошок за секое претпријатие, исто како и платата на работниците. Што помалку се платени работниците и што помалку се вложува во еколошки стандарди и „чиста“ технологија, толку е помал губитокот на пари на претпријатието.
Ако некој конкретен капиталист одлучи, свесен за еколошките проблеми, да потроши повеќе пари на заштита на околината, со тоа ќе му даде предност на неговиот конкурент кој не троши средства за еколошки стандарди, така што тој конкурент на пазарот ќе понуди поефтин производ, и со тоа ќе го исфрли „совесниот“ капиталист од трката. Знаејќи дека еколошко производство резултира со поскапи производи, а тоа пак, со губиток на пазарот, капиталистот ќе одлучи да продолжи да произведува ефтино и да ја загадува околината.
Што е, пак, со оние фирми кои ќе успеат да преживеат на пазарот токму поради нивниот зелен имиџ, односно преку запознавање на потрошувачите со нивната зелена политика, кои потоа ќе ја наградуваат таа зелена политика така што ќе плаќаат поскапо за нивните производи и услуги? Нашето класно поделено општество оневозможува голем број луѓе поскапо да ги плаќаат „зелените“ производи и ги присилува да купуваат не само производи чие производство ја загадува околината, туку и неквалитетни и директно нездрави производи - просто затоа што другите производи најголем дел од населението не може да си ги дозволи. „Зелените“ производи и услуги се елитни, односно достапни само на подобро ситуираните потрошувачи. Освен што се поскапи од своите нееколошки супститути, „зелените“ производи исто така се со ограничен домет, така што не можат да ги загрозат начините на производство на макро ниво, како што е на пример производствената зависност од употреба на крајно загадувачки фосилни горива.

Фосилните горива не се обновливи ресурси бидејќи потребни се милиони
години за да се создадат, а резервите се трошат многу побрзо. Употребата на фосилните горива е штетна за животната средина. Гасовите
што се создаваат при согорувањето се во еден дел отровни за човекот.
Покрај тоа, согорувањето на фосилните горива произведува околу 21,3
милиони тони јаглерод диоксид годишно, што е главен причинител на ефектот на стаклена градина, што пак го предизвикува глобалното затоплување. Има многу еколошки алтернативи за употреба на обновливи ресурси за производство на енергија, но употребата на тие алтернативи не им оди во прилог на глобалните тајкуни кои држат монопол над изворите на фосилни горива (главно нафтата), кои им генерираат вртоглави профити. Околу 85% од вкупното производство на електрична енергија во светот е од фосилни горива, додека помалку од 1% е од еколошки и обновливи извори.
Едноставно е: мотивите на капиталистите се насочени исклучиво кон профит, и во капиталистичката логика нема простор за размислување за одржливо и еколошко производство, просто затоа што тоа значи помалку профит за нив. Капитализмот е во таа смисла геноциден економски систем, затоа што по цена на денешниот профит е подготвен да ја жртвува иднината на целата планета и со својот покосувачки начин на производство да убива годишно стотици илјади луѓе, кои умираат од болести поради нездрава исхрана и загадена околина. Од почетокот на индустриското општество до денес, капитализмот веќе има направено толку голема штета, што прашање е дали воопшто е можно таа да се санира. Но пред да почнеме да дишеме кислород од боци, мора веднаш да се насочиме кон уништување на тој убиствен систем, кој секојдневно полека не убива на многу различни начини: ни го цица животот од вениве преку експлоатација на нашиот труд; ни ги замлитавува телата и ни го коси здравјето со нездрава храна; не втурнува во сиромаштија и беда, ни ја уништува природата, а сега ни го краде дури и воздухот што го дишеме.
КАПИТАЛИЗМОТ Е СПОРА И БОЛНА СМРТ.
Наместо да лечиме симптоми, да го уништиме коренот!
No comments:
Post a Comment