4.10.13

Бразил: Запознавање со Црн Блок

За оние кои не разбираат зошто Црн Блок активистите користат милитантни тактики за да уништат сопственост на корпорациите: Црн Блок активистите не се протестирачи!


Тие не се излезени за да протестираат! Тие се излезени за да внесат директна акција против симболите и механизмите на угнетување. Нивните активности се насочени кон предизвикување на материјална штета на угнетувачките институции.

Меѓутоа, уште поважно, тие дејствуваат со перформативна намера, за драматично да илустрираат дека луѓето имаат моќ дури и кога се соочени со огромната сила на полициската држава; дека корпорациите и институциите не се толку моќни колку што сакаат да не убедат дека се, и кога ќе се обидат да не обесхрабрат наше е да пружиме отпор.

Бидејќи тие инсистираат да не напаѓаат, не пуштаат да го предизвикаме авторитетот и да ги поткопаме нивните закони и поредок. Тоа не значи дека ние треба да се откажеме од етика, хуманост, или да престанеме да се поддржуваме едни со други. Ова се лекции од витално значење кои луѓето мораат да ги запамтат сега многу повеќе од било кога. Очигледно полицијата не ги почитува човековите права. За нив, луѓето се послушна маса, која лесно се контролира и манипулира.

Мнозинството ќе се согласи дека оние кои се на власт треба да се плашат од луѓето, но очигледно тие го изгубиле овој „здрав“ страв; така што овој милитантен активизам е напор да се задржи оваа закана жива – затоа што седнувањето на улици и мафтањето со транспаренти никогаш нема да го постигне тоа.

Колку повеќе забораваме дека ние ја имаме силата да се буниме против оние кои пробуваат да доминираат со нас, толку повеќе тие ќе доминираат со нас.

No comments:

Post a Comment