...Од збор до збор нивниот разговор стануваше се пожесток и пожесток. Најпосле
нивното разговарање се претвори во караница:
Петар Манџуков: Анархизмот е за храбрите. За оние што свесно својата глава
ја подметнуваат под мечот. Освен тоа, методите и тактиките на анархистите се
најприкладни за овие наши услови.
Павел Шатев: Глупости! Не верувам во поединечните акции, доколку тие не се
најава на едно поголемо, посилно, организирано движење, што ќе дојде по нив.
Социјалистичкото движење има за цел да ги покрене масите, а тоа веќе е нешто.
Петар Манџуков (лево) и Павел Шатев (десно) на постари години. Тие се едни од ретките гемиџии кои ги преживеале солунските атентати.
Петар Манџуков: Во тоа е и грешката на твоето мудрување. Масите не ќе можат
никогаш да се покренат наеднаш. Економските и социјалните услови се различни од
овде до онаму, а за едно општо движење потребни се и еднакви услови. Затоа
анархистите и можат да дејствуваат на секое место – тие се прилагодуваат на
условите.
Павел Шатев: Можеби, меѓутоа, ефетот на нивните акции е безначаен.
Петар Манџуков: Ти навистина си прост. Тешко ќе биде да се другарува со
толку ограничено момче. Како е можно ефектот да биде незабележителен, кога нема
влада во Европа, која не ги прогонува, не ги апси и не ги малтретира
анархистите – значи се плаши од нив. А социјалистите, буржоаските влади не само
што ги трпат туку отворено ги толерираат и потикнуваат.
Павел Шатев немаше аргументи. Беше тоа момент кога се признава поразот. Но
не сосема и не докрај.
Павел Шатев: Анархистите водат главосечачка политика!
Петар Манџуков: Главосечачка политика?
Павел Шатев: Да, главосечачка политика!
Петар Манџуков ја крена раката и му удри шлаканица на својот нов познаник. Овој не му остана должен - му врати со тупаница по градите. Убаво се степаа. Зазбифтани, разбушавени, испоудирани, престанаа кога увидеа дека тепачката е бесмислена. [...]
Лути на себе и еден на друг, излегоа од сандакот и легнаа на голото дрвено душеме, секој на спротивниот крај од собата.
Одломка од историската книга „Гемиџиите“ од Јован Павловски, 1977 година.
Лути на себе и еден на друг, излегоа од сандакот и легнаа на голото дрвено душеме, секој на спротивниот крај од собата.
Одломка од историската книга „Гемиџиите“ од Јован Павловски, 1977 година.
No comments:
Post a Comment