7.7.13

Се оформи „ЦРН КРСТ БАЛКАН“

Антифаштистите, слободарите и анархосиндикалистите од Босна и Херцеговина покренаа акција за формирање на Анархистички Црн Блок – АЦК (англ. ABC). АЦК бара да се обрне внимание на обврската да им се помогне на сите затвореници со акцент на анархистите и на затворените поради класна борба. Преку контактот со затворениците и информациите за затворениците се инспирира еден анархистички отпор и се создава поддршка за движењето од надворешната страна на затворот. Создаваме фондови за помош на затворените или за комисиите за одбрана кога е потребно да се учествува легално на суд и организираме протести во знак на солидарност со уапсените анархисти и останатите затвореници.

Веруваме, како и најголемиот дел од анархистите, дека затворите не пружаат никаква корисна функција (освен што се од корист на владејачката класа) и треба да бидат укинати заедно со државата. Ние се разликуваме од либералните реформисти во однос на затворот, како и од групите како што се „Amnesty International“, преку две главни работи: 

-Веруваме во укинување на затворскиот систем но истовремено и на општествениот систем кој го создава првиот, и сите акции кои ги организираме се водени од таа цел.

-Веруваме во директен отпор преку кој сакаме да оствариме бездржавно и бескласно општество. Групите како „Amnesty International“ одбиваат да ги поддржат оние кои што се обвинети за т.н. насилни акции, па излегува дека секој кој се опира на угнетувањето, и користи оружје во самоодбрана или за време на револуционерна побуна, не е вреден за поддршка. Нивната порака е јасна: Не пружај отпор. Нашата поддршка е целосна спротивност, и тоа е тоа што ние правиме – им даваме поддршка. Ја делиме обврската со револуционерните анархисти да се спротивставиме на либерализмот, индивидуализмот и легализмот. 

Покрај активностите во врска со затворот, АЦК групите работат и на ширење на отпорот и во тоа се многу од овие затвореници ангажирани. Сметаме дека стварно постои потреба анархистите милитантно да се организираат, затоа што на своја кожа ја имаме почувствувано организираната репресија од страна на државата. Така пронаоѓаме начини да го избегнеме поразот. АЦК-овите цели се препознавање, објаснување и ширење на поддршката за борбата на затворениците во целост, потоа поддршка за борбата на секој анархист поединечно, како и поддршка на секој затворен поради класна борба, поединечно.


Обликот на нашата солидарност се спроведува во зависност од секоја индивидуална акција. На некои им праќаме финансиска или материјална помош, со други оддржуваме контакт преку писма, правиме посети, набавуваме политичка литература и дискутираме за стратегијата и тактиките. Правиме се што можеме за да спречиме затворениците да станат изолирани од движењето. Сметаме дека затворениците се активен дел од нашето движење и правиме анализа на нивниот минат и сегашен потенцијал да допринесат за продолжување со борбата, делувајќи како повратна врска.

Различните АЦК групи сами одлучуваат какви затвореници ќе поддржат и какви активности ќе превземат врз основа на разгледување на секој случај поединечно. Приоритетни случаеви се секако политичките затвореници во склад со нашата сложност да градиме отпор. Иако издржувањето на казна само по себе е политичко, таквите затвореници се затворени исклучиво поради своите верувања или акции. За разлика од „Amnesty International“ ние не судиме за тоа кои се валидни а кои невалидни начини за покажување отпор. Ненасилството не е критериум за поддршка. За разлика од другите организации кои поддржуваат политички затвореници, ние ги вклучуваме и оние кои биле исполитизирани преку затворското искуство и од тогаш станале организатори внатре во затворот. Многу политички затвореници се соочуваат со се поголемо мачење.

Веруваме дека слободното општество мора да најде алтернатива, ефективен начин за решавање на злосторствата кои се насочени спрема општеството. Намалување на злосторствата ќе се случи само ако (и затоа единствено укинувањето на затворите може да биде реална опција) дојде до драматична промена во нашите економски, општествени и политички системи. Значи, услов за намалување на злосторствата е во промена на основата на нашите системи, затоа што таа основа доведува до злосторства кои се насочени спрема нашето општество а исто така и до затворскиот систем. Наша основна цел е да ги оствариме овие фундаментални промени. Работиме на создавање на бездржавно, кооперативно бескласно општество кое е ослободено од привилегиите и доминацијата кои се засновани на основа на раса или пол. Но тоа не е доволно. За да се изгради „Grassroot“ движење, кое е неопходно за да се остварат овие промени во општеството, мораме исто така да бидеме во можност да ги заштитиме. АЦК ги брани оние кои се киднапирани и осудени поради спроведување на акции кои биле во склад со одбраната на нашето движење.

Со зголемување на комуникацијата на активистите од двете страни, внатре и надвор од затворот, инспирираме отпор кај двете страни на затворските ѕидови. Се надеваме дека ќе ги охрабриме и другите активисти, создавајќи верување дека дури и ако се уапсени поради нивните активности, движењето нема да ги напушти. Ќе се грижиме за нашите. Преку АЦК градиме организирана поддршка за отпор. 

АЦК БАЛКАН
 http://abcbalkan.wordpress.com/crni-krst/

No comments:

Post a Comment