Да се каже дека анархистичкиот
идеал за општеството преставува утопија е голема грешка. Секој идеал значи
тежнеење кон нешто што сеуште не е остварено, додека зборот „утопија“ се
употребува за нешто што не може да се оствари. Всушност, зборот „утопија“ треба
да се употребува само за оние престави во општеството кои се засноваат на она
што писателот го замислува како теориски посакувано, а никогаш за оние престави
кои се засновани на набљудување на она што веќе се случува во општеството. Според
ова, меѓу утопии може да се вбројат: Платоновата република, Светската црква за
која мечтаат папите, Наполеоновата империја, Бизмарковиот сон и др. Но потполно
е погрешно зборот „утопија“ да се употребува за предвидувања како анархијата,
која е заснована на изучување на ориентацијата која веќе се покажува во
општеството, во неговиот сегашен постепен развој. Тука ние излегуваме од
областа на утописко мечтаење и чекориме во областа на позитивно знаење.
Во овој случај сеуште е погрешно
да се збори за утопија, затоа што стремежите кое ги истакнавме повеќепати
играат важна улога во историјата на човештвото. Тие послужиле како основа за
т.н. право според обичаите, кое владеело во Европа помеѓу милиони луѓе од 5 до
16 век. Сега овие тежнеења повторно се појавуваат во организираните општества,
затоа што во текот на 3 века се експериментираше со државните форми на
заедништво. На основа на ова запазување, чија вистиност нема да го привлече
вниманието на секој кој ја проучувал историјата на цивилизацијата, се заснова
нашето верување дека анархизмот е можен и остварлив идеал.
Ни кажуваат дека е долг патот од
идеалот до неговото остварување. Воопшто не се соменваме дека е така. Но, тоа
не не попречува да се потсетиме кога на крајот на 18 век, за време на
основањето на Соединетите држави во Северна Америка, високо образованите луѓе
од Европа сметале дека желбата да се изгради големо општество со републиканско
уредување е бесмислена. Кажувале дека републиката може да постои само како мала
држава, како Швајцарија или како Холандија. Меѓутоа, северните и јужните американски
републики, а потоа и Франција докажале дека утописти биле монархистите а не
републиканците.
„Утописти“ секогаш биле оние кои
поради своите лични желби одбивале да ги земат во обзир новите, веќе значајни стремежи,
утописти се оние кои на нешто што веќе станало сопственост на минатото
препишуваат поголема стабилност, не можејќи да видат дека тоа минато е
последица на претходните историски услови.
Извор: Анархија (Петар Кропоткин)
No comments:
Post a Comment