27.6.13

Синдикалистичка револуција

Сите синдикати би ги содржеле следниве 4 елементи:
  1. Организирање на секојдневен отпор против репресијата, капитализмот и државата
  2. Организирање на колективна солидарност помеѓу синдикатите.
  3. Организирање на револуционарна моќ која ќе ги укине репресијата, капитализмот и државата.
  4. Трансформирање на општеството од репресија, капитализам и држава во анархистичко општество засновано на добробит за сите.


Со градењето на наши синдикати, ние воедно ги градиме овие 4 елементи. Капитализмот и државата се организирани сили кои служат за репресија и експлоатација. Преку синдикатите ние организираме своја колективна моќ за да ја победиме организираната сила на владејачката класа. Тогаш кога организираната моќ на луѓето ќе биде посилна од организираната сила на владејачката класа ќе избие револуција во вид на социјален генерален штрајк. Тој социјален генерален штрајк ќе преставува потполно одбивање на соработка со капитализмот и државата, во сите индустрии, заедници, на било кој начин и одбивање на обезбедување услуги на капитализмот и државата, со организирана заштита на нашата револуција. Капитализмот и државата не можат да постојат без наша соработка со владејачката класа. Ние ги храниме, ние ги обезбедуваме со услугите кои им требаат, нашите заедници се контролирани преку нашата соработка со нив, ние сме сегде – дури и во куќите на владејачките класи. Тие немаат каде да побегнат, немаат каде да се сокријат - затоа што ние сме сегде. Ќе ги натераме да исчезнат, да ги изедат своите пари и производите во нивна сопственост.

Нашата револуција нема да биде централизирана, нема да има центри кои може да се разбијат – ќе биде раширена на сите страни.

Кога сите работни места и заедници ќе бидат ослободени, ќе започнеме со трансформација на општеството преку целосно укинување на институциите на капитализмот и државата, и така ќе создадеме услови за постојана револуција во која нема да има ништо што некогашната или нова владејачка класа би можела да превземе. Ќе го замениме капитализмот и државата со нашите анархосиндикалистички организации. Организацијата ќе биде флексибилна, така да може да еволуира во поидеална форма, на основа на потребите и желбите.

На овој начин ќе го отвориме патот кон нашите идеи во реалноста, кон остварување на нашите сонови.

Извор: Како да се овозможи анархистичка револуција (Артур Џ. Милер)

No comments:

Post a Comment