Секоја борба преставува процес, и
што подобро го разбереме и насочиме тој процес, толку е поголема шансата да
успееме, отколку ако дозволиме самиот процес да не насочува. Историјата не е
збир на поединечни издвоени моменти, туку континуирана еволуција: секој момент
е под влијание на оној пред него. Поради тоа, секоја анализа на борба или
случување, мора да го земе во обзир влијанието на таа борба на она што после
неа следи.
Нашиот револуционерен процес би
требало да преставува низа од која од минатото го земаме она од што можеме да
учиме, унапредувајќи го денес со нови идеи и го оставаме на наредните генерации
понатаму да го унапредуваат. Тоа преставува еволуција на револуционерниот
процес. Дури и она што можеби изгледа како мала небитна работа, може да влијае
на индивидуи или групи да продолжат со уште поголеми работи. Дури и најактивните
активисти од нешто почнале а тоа важи и за сите други активисти. Од тоа прво
искуство, револуционерните активисти го започнуваат својот револуционерен
процес. Поради тоа за нашето движење е најважно создавање на тие почетни
услови.
Тоа значи дека најважниот период
на некое случување не е времето пред него (т.е. организирањето на случувањето)
или самото случување (почеток за новите активисти) туку времето после
случувањето. Тоа време е најважно затоа што преставува низа од случувања кои
овозможуваат вклучување на нови активисти во нашето движење. Без таа низа на случувања
не само што би ги изгубиле оние кои може да станат активисти туку можеби ќе ја
изгубиме и можноста да влијаеме на насоката на работа на овие активисти.
Најважно во создавањето на нови активисти е да им овозможиме лесно вклучување
во нашето движење. Еден од причините зошто новите активисти брзо губат волја за
работа е што старите активисти очекуваат од сите во движењето да бидат добро
упатени во анархизмот, и понекогаш стануваат непријателски расположени спрема
личностите кои ништо не разбираат, па ги напаѓаат како да е неупатеноста
состојба на идеолошка позиција. Ние не стануваме потковани во анархизмот оној
момент кога ќе почнеме да се интересираме за анархизмот. Образованието е
процес. Затоа што нашата борба е отпор на репресијата и експлоатацијата, така и
образовниот процес не може да се базира само на апстрактни теории.
Нашата образовна теоретска работа
би требало, да се однесува директно на искуството на репресија и експлоатација
на секој активист. За да се постигне тоа, активистите мораат да бидат во
можност да го изразат своето искуство.
Работничката класа падна под
доминација на интелигенцијата. Книгите за историјата на борбата на работничката
класа и нејзините идеали речиси секогаш се напишани од страна на
интелигенцијата. Тоа создаде ситуација во која теоријата се наоѓа на тронот, и
го загушува изразувањето на искуството на класата од страна на самата класа.
Поради тоа, интелигенцијата стана владејачка класа во борбата на работничката
класа. Еден од првите чекори кои мора да ги превземеме во нашиот револуционерен
процес е повторно добивање на гласот на работничката класа во нејзиното
сопствено образование и развој на идејата.
Со
изразување на нашето искуство ги објаснуваме нашите потреби и зошто сакаме да
изградиме подобар свет; преку тоа изразување создаваме идеи (теорија) за тоа
како понатаму да се бориме против репресијата и како да создадеме нов свет. Со
спроведување на тие идеи (теорија) во пракса ние добиваме ново искуство (што
функционира, што не и како тоа можеме да го подобриме) и ги менуваме своите
идеи (теорија), што преставува наш револуционерен процес. Поради тоа и се врши
репресија над нашето искуство, и поради тоа е толку важно нашето искуство во
организирање против репресијата, и усогласување на тоа искуство и нашите идеи
(теорија). Процесот запаѓа во слепа улица ако се затвориме во теорија, или ако
слепо, без идеја (теорија) реагираме на лично искуство од репресијата. Само
баланс помеѓу овие крајности не води кон патот на ослободување.
Извор: Како да се овозможи анархистичка револуција (Артур Џ. Милер)
No comments:
Post a Comment