17.6.13

Реформизмот, социјалдемократијата и марксизмот – ленинизмот нема да не доведат до револуционерна промена

Капиталистичката класа е организирана на интернационално ниво и тежнее да ја контролира целата планета. Државата, како заштитник на капиталистичката класа, стана се посилна, додека супер – силите доминираат над слабите држави, користејќи војни и економска надмоќ. Луѓето како стока се концентрираат во градовите каде има производство додека локалната самоодржливост и независност полека исчезнуваат. Организациона форма на овој процес можеме да го сметаме Новиот светски поредок или корпоративниот фашизам.

Станува очигледно дека старите начини на пружање отпор веќе не се адекватни да го спречат напредокот на Новиот светски поредок, единствено може да реагира на некои аспекти на корпоративниот фашизам, додека многу други аспекти остануваат недопрени. Бидејќи денешниот отпор не може успешно да се спротивстави во целина на Новиот светски поредок, тој исто така не може да оствари револуционерна промена.

РЕФОРМИЗАМ: јакнењето на Новиот светски поредок се одвива со толку голема брзина, што е потполно невозможно да се реформира денешниот систем во насока на задоволување на потребите на луѓето.

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈА (парламентарна политика): дури и кога е возможно да се искористи изборниот систем за да се обезбеди добробит за луѓето, таа победа не е трајна и затоа мораш константно да се бориш да го задржиш постигнатото, што те успорува во постигнувањето на нови придобивки за луѓето. Прво мораш да овозможиш спроведување на одлуката која ти носи корист, а потоа да ја финансираш секоја година и да се грижиш да не биде укината. Тоа го отежнува постигнувањето на нови победи. Акумулацијата на политичката моќ е основна карактеристика на изборниот процес и парламентарната политика: кога еднаш ќе се постигне политичката моќ, најважно станува одржување на таа моќ. Тоа значи дека мора да се бори против се што ја угрозува нејзината превласт, и реално и умислено. Со оглед на тоа дека политичката моќ е централизирана моќ во рацете на малкумината кои владеат со мнозинството, тогаш тоа мнозинство мора да биде контролирано за да се управува со него. Така дури и најпрогресивните политички опции стануваат заправо нова владејачка класа.

МАРКСИЗАМ – ЛЕНИНИЗАМ: Една од најголемите грешки на сите времиња е идејата партијата која ја превзема контролата над државниот апарат преку диктатура да создаде комунистички систем. Во природата на државата е да ја централизира моќта внатре во себе, и поради тоа ниедна држава нема да одумре, напротив, таа ќе ја јакне се повеќе својата централизирана моќ. Државата е механизам преку кој малкумина управуваат со мнозинството. Поради тоа, има многу малку заедничко во интересите на малкумината кои владеат и мнозинството над кое се владее, а интересите на мнозинството се директна закана за интересите на малкумината. Да би се заштитило од овие закани, малцинството кое владее, без разлика кои и да се тие, ја зајакнува контролата во општеството и притисокот врз мнозинството. Поради тоа, марксизмот – ленинизмот никогаш не може да напредува повеќе од диктатура на партија. Една од целите на марскизмот – ленинизмот е уништување на капитализмот и контролата која капиталистичката класа ја има над државата. Меѓутоа, затоа што марксизмот – ленинизмот ги користи институциите на државата, не може да создаде трајна револуција, затоа што капитализмот може да се воспостави повторно, превземајќи ја контролата над институциите на државата. Овој процес јасно се виде низ целиот свет, една по една марксистичко – ленинистичките држави се враќаа во капитализам.

Земајќи го во предвид Новиот светски поредок и неуспехот на реформизмот, социјалдемократијата и сите облици на марксизам, мислиме дека во друга насока треба да ги побараме решенијата на големиот број проблеми кои не загрозуваат нас и нашата планета. Овие решенија, се наоѓаат во уништување на капитализмот и државата, или со други зборови – во анархизмот.

Извор: Како да се овозможи анархистичка револуција (Артур Џ. Милер)

No comments:

Post a Comment