16.6.13

Како да се овозможи анархистичка револуција

Основна идеја на анархизмот е дека луѓето можат да живеат без капитализам и држава, во различни облици на децентрализирано слободно здружување, самоуправување и взаемно помагање. Иако анархизмот е прилично под влијание на филозофскиот идеализам, не можеме да дозволиме идеализмот да ни застане на патот на развојот на револуцијата, затоа што ако тоа го дозволиме, нашите основни идеи ќе биде невозможно да ги постигнеме. Идеализмот е важен затоа што не тера да се бориме за нешто повредно од она што денес постои. Меѓутоа, тој идеализам мора да одговара на револуционерната борба против Новиот светски поредок, кој не функционира на нашиот идеалистички начин. Новиот светски поредок е организирана сила, на која единствено може да и се спротивстави исто така една организирана сила. Кога организираната моќ на луѓето ќе биде посилна од организираната сила на владејачката/капиталистичка класа, тогаш со својата заедничка сила ќе може да се ослободиме од Новиот светски поредок и да го замениме со анархистичко општество. Идеализмот е истовремено и сила и слабост на анархистите. Анархистичкиот идеализам направи нашата филозофија да биде отворена за многу општествени можности. Слабоста на анархистичкиот идеализам се наоѓа во обидот да се промени општеството додека се наоѓаме во конфликт со владејачката класа која е добро организирана.


Потребно е единство на идеи и организирање за да успееме да овозможиме услови за револуција. На подготовките за анархистичка револуција треба да се гледа како на процес на градење. Пред се тој процес треба да содржи:

ЕДИНСТВО НА ИДЕИ. Како револуционерно движење мора да се насочиме во иста насока, или во спротивно ќе ја намалиме нашата способност да направиме револуционерна организација а нашата сила ќе ослабе.

ЕДИНСТВО НА ТАКТИКИ. За нашата револуционерна борба да има некаков реален успех, мора да се направи јасна анализа на тактиките. Нашата тактика би требало да биде изградена на основа на она што е ефикасно во дадена ситуација. Еден од проблемите на кои наидуваме во анархистичките движења е милитантност на преставата наместо милитантност на содржината. Револуционерната милитантност не значи престава за милитантноста, туку се користи како тактика која помага во процесот на изградба на револуцијата. Дел од тоа е и секојдневната борба, затоа што револуционерниот процес исто така е и изнудување на отстапки од нашиот непријател. Кога анализата покажува јасно која тактика најмногу одговара за целта, тогаш е потребно позади таа тактика да ги обединиме силите. Ако тоа не го можеме, тогаш повторно ја намалуваме можноста за успех.

ЕДИНСТВО НА ФОКУСОТ. Потребно е да знаеме кои се нашите непријатели – капитализмот, државата и појави како расизам, сексизам и сите облици на доминација, угнетување и експлоатација. Иако е нормално луѓето да не се согласуваат за овие или оние работи, тие несогласувања не би требало да бидат основа за меѓусебна борба. Потребно е да се фокусираме на непријателот а не едни на други.

КОРИСНОСТ, А НЕ РЕАКЦИЈА. Често во нашата борба луѓето едноставно реагираат на оние работи кои лично им сметаат, но без анализа на ефектот од нивната акција во однос на другите, на нашата борба и дали таа акција воопшто помага на целта за која се бориме. Наместо просто да реагираме, треба да ја анализираме ситуацијата и да делуваме со намера, во склад со она што навистина ќе влијае на ситуацијата онака како што ние посакуваме, но што исто така ќе помогне во развојот на нашиот револуцинерен процес. Тоа најчесто значи креирање на алтернатива истовремено додека директно се фаќаме во костец со оние на кои треба да им се спротивставиме.

КОЛЕКТИВНА АКЦИЈА. Не се противиме на индивидуална акција кога таа води кон колективна. Еден од најпознатите примери за ова е индивидуалната акција на Роза Паркс која е уапсена затоа што не сакала во автобус да и отстапи место на бела личност. Она што направи нејзината акција да биде толку значајна, е тоа што таа акција водела кон колективна акција на бојкотирање на автобусите. Но кога индивидуалната акција не е директно врзана за „пулсот“ на колективот, тогаш таа може да води во реакционерна контра – акција. Ова најчесто се случува кога луѓето превземаат акција мислејќи дека со влошување на некоја ситуација ќе ги натераат луѓето позитивно да делуваат. Луѓето тогаш, најчесто, ќе тргнат во реакционерна контра – акција и самата борба ќе претпри удар. Целта на нашите акции треба да биде предизвикување на колективни акции, затоа што колективната акција води кон успех.

ЛИЧНА И КОЛЕКТИВНА ДИСЦИПЛИНА. Кога дискутираме за дисциплина, не мислиме на милитаристичка дисциплина која е спроведена од оние на врвот, над оние под нив. Она за што збориме е лична и колективна дисциплинираност, да се направи тоа што треба да се направи во конкретна ситуација. Борбата понекогаш е многу тешка, затоа и се вика „борба“. Ако сакаме да успееме, тогаш мораме да имаме волја да се дисциплинираме и да го направиме и она што е тешко и што некогаш може да ни донесе и страдање. Тоа понекогаш значи и лична борба против разочарувања и депресија. Кога е тешко, тогаш е најбитно да се продолжи. Ако тоа не сме спремни да го направиме, тогаш нашата активност е целосно губење на време.

Анархистичкото општество нема да се создаде само затоа што ние мислиме дека тоа е добра идеја. Тоа бара многу напорна работа и лично и колективно пожртвување. Тоа бара јасна анализа на моќта на нашиот непријател и начините на организирање и тактики кои ни се потребни како би развиле поголема сила од нашиот непријател, ако сакаме да успееме.

Извор: Како да се овозможи анархистичка револуција (Артур Џ. Милер)

No comments:

Post a Comment