13.6.13

До еден работник

Да бидеш човек, да имаш топла крв, 
да мислиш со глава и да работиш со рака
 и па да бидеш нешто мртво.

 През цел свој живот и ден и ноќ
 да се трудиш и мачиш
 и па да бидеш гладен и страден.

 Работник - патник:
 да немаш ништо, да страдаш за сичко - 
а ти и твоите браќа да праите се! 

Палати да праиш да живееш у изба - 
од лулка до гроб да бидеш роб. 
Од вашата мака да живеат друзи! 

 О, братко!
 Плукни на таков живот! 
Со браќата твои, со маката ваша,
 сронете го овој свет 
и нов направете - братски!

Кочо Рацин

No comments:

Post a Comment