8.6.13

Нов рекет од страна на државата – ЈСП ќе наплаќа казна од 75 евра

Деновиве слушаме како ЈСП ги зголемува казните за „непослушните“ граѓани кои одбиваат да платат карта. Па така, ако рекетарите нe` фатат без карта, треба да платиме 300 денари (oдносно десеткратно повеќе од картата) на лице место, а ако тоа не го сториме во рок од 8 дена казната е 75 евра. Државата не можејќи да го задоволи апетитот на елитите, мора постојано да смислува начини како да го извлече и последниот денар од народот кој е во општа сиромаштија, па така доаѓаат до вакви решенија.


Буџетот на државата се полни од даноците кои ги плаќа народот преку купување на храна, облека, плаќање на сметки за струја, вода, преку даноците на приход итн. Наплаќањето на даноци државата го правда, меѓу другото, со потребата од тие заеднички пари да се финансираат јавни и заеднички добра и услуги, во кои впрочем спаѓа и јавниот превоз. Сепак, каде завршуваат нашите пари? Сведоци сме како секој ден се покачуваат цените на храната, на струјата, на водата, облеката, киријата и сите други работи кои ни се неопходни за живот, додека платите со години стагнираат. Сведоци сме и на тоа како народните пари завршуваат во џебовите на елитите и во исполнување на нивните хирови. Па така, наместо парите од народот да се слеат во нешто од кое сите ќе имаме корист (бесплатен превоз, бесплатно образование и здравство), елитите полека ни ги приватизираат сите јавни добра, а самите живеат удобен живот и се расфрлаат со нашите пари, додека најголемиот дел од народот веќе нема ни за леб.

Се додека бидеме послушни граѓани и дозволуваме да не угнетуваат и експлоатираат, нивната моќ ќе расте. Освен секојдневните покачувања, почнаа да ни кратат и основни човекови права и слободи, почнаа да се мешаат во нашето лично живеење. Ако државата ги укинува нашите основни права и слободи и дрско ги троши нашите пари, зошто тогаш ние треба да ги почитуваме нејзините закони и правила?


Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

1 comment:

  1. ако купите карта пред да излезете на станица дадете му ја на некој што влегува (:

    ReplyDelete