1.6.13

Солидарност со турскиот народ (02.06.2013)


Сведоци сме на полициската бруталност врз нашите другари и другарки од Турција. Затоа утре (недела) во 12 часот пред Турска амбасада ќе се солидаризираме со нив и ќе им покажеме дека не се сами.
Турскиот народ реши да се бори против елитите кои уништуваат се пред себе за поголем профит, потпомогнати од политичарите. Но народот има многу посилно оружје а тоа е солидарноста. На улиците на Истанбул луѓето се сплотени и храбро се борат против наоружаните полицајци а луѓето од околните куќи, аптеки, продавници, кафичи им излегуваат во пресрет со лекови и храна. На демонстрантите во Турција потребна им е нашата солидарност, а нас ни е потребно да сфатиме дека нивната борба е и наша борба. Едиствено заедно можеме да се избориме против политичките и економски елити. Ова е линк до настанот: https://www.facebook.com/events/121377814737676/


No comments:

Post a Comment