8.5.13

Црно злато, црна крв, црни солзи


Се спрема нова војна од големи размери – на дневен ред е Иран. Се поизвесниот воен напад на оваа блискоисточна земја може да потикне таков тек на случувања кои и по обем и по последици ќе ги надмине досегашните локални интервенции како „Милостивиот ангел“(интервенцијата во Србија), демократијата и капитализмот. Актуелната мета, Иран, има можност и волја да возврати со што воените дејствија лесно може да се прошират и надвор од областите на Блискиот исток.


Во Персискиот залив, НАТО концентрира силни воени снаги. Неоколонијалистичката сила Велика Британија ги прекина сите финансиски трансакции со иранските банки, а политичката елита во Франција повикала на бојкот на купување на иранската нафта, иако од ваквата одлука најмногу штета ќе претрпи народот во државите членки на ЕУ. Германскиот министер за надворешни работи, во неонацистички стил, отворено изјави дека за германската економија, војната повторно станала легитимно средство за заштита на изворот на сировини. Израел со своите дипломатски и медиумски канали најавиле дека нападот на Иран е само прашање на време. Русија направила додатна мобилизација со повеќе од 10 000 војници кои биле групирани на југ, од Грузија до Таџикистан, истовремено припремајќи систем на воздушна одбрана како одговор на заканите за ракетен штит од НАТО.

Од друга страна, Иран веќе најави дека на воведените санкции од страна на Западот ќе возврати со затворање на теснецот Хормуз, и со тоа потенцијално ќе загрози 40% од извозот на светската нафта. Не треба да не зачуди ако ова биде директна причина за напад на НАТО врз Иран.

Посериозно отколку пред Втората светска војна

Доколку војната не започне за неколку дена, неколку недели или во јуни како што се почесто се наведува во медиумите, јасно е дека сите меѓународни актери очекуваат војна во пошироки размери во блиска иднина. Војни ќе има се додека постои капитализмот, поредок кој создава големи светски кланици, секогаш кога ќе се најде во длабока криза. Сите податоци и ситуацијата во светот, покажуваат дека актуелната криза, на која сите сме сведоци е многу поозбилна и посериозна од кризата која претходеше на Втората светска војна. Официјалната причина за покренување на војната машинерија е наводно опасноста од развојот на иранската нуклеарна програма, но суштинската причина е идентична како и во сите империјалистички потфати кои ги има организирано крупниот капитал – демонстрација на сила, планетарна доминација и контрола над ресурсите, а пред се финансиска добивка. Приказните за потребата да се срушат дикатотрските режими и за жртвите кои се неопходни заради воведување на демократија, само се дел од стандардната пропагандна реторика толку излишна што денес ретко кој верува во тоа.

Војната која е на повидок не е само производ на една реакционерна државна администрација како што е американската. Нејзиниот суштински двигател не е само кризата на американскиот капитализам, туку и кризата на целокупната економска, социјална и идеолошка концепција на која капитализмот почива. Под изговор дека се бори против опасноста која се заканува на светот поради развојот на иранската нуклеарна програма, планетарната финансиска олигархија ќе го нападне Иран за да им овозможи на корпорациите целосен монопол над областите богати со нафта.

Тоа е продолжение на политиката за чија реализација со години се користат војни, портокалови револуции и државни удари. Тоа нема да биде „демократско“ интервенирање против диктаторскиот режим на Ахмединеџад, туку разбојнички и поробувачки поход потикнат од интересите дефинирани на Волстрит. Ако може нешто да се научи од историјата, тоа е дека единствениот прав одговор на империјалистичкото насилство е поврзување на работничката класа во интернационална револуционерна антимилитаристичка борба за бескласно општество, во кое ќе владее еднаквост меѓу луѓето и директна демократија.

Борбено антикапиталистичко организирање – единствен одговор и единствено решение

Администрацијата на Обама и нејзините соучесници се надеваат дека со новиот воен спектакл ќе го отргнат вниманието на гладниот и обесправен народ, не само во Америка туку и насекаде во светот од се посилниот притисок од економските проблеми. Но веќе е јасно дека тоа нема да им тргне од рака. За тоа во прилог сведочи се поборбеното антикапиталистичко организирање на работничката класа во Оукленд, Лондон, Атина и во многу други делови на светот.

No comments:

Post a Comment