29.5.13

Заедничка изјава од Балканскиот состанок за национализам

Балканскиот анархистички саем на книги е израз и пример за интернационална солидарност, на кој се собраа другарки и другари од: Словенија, Србија, Македонија, Грција, Бугарија, Белорусија, Чешка, Австрија, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Англија, Шведска и Унгарија.

Секое собирање на анархистите е воедно и прилика да ги обединиме нашите сили во борбата против капитализмот и државата, а со самото тоа и против национализмот – оружје кое владејачката класа го користи да не разедини.

Балканските земји имаат долга историја на етнички и верски конфликти, затоа работничката класа од Балканот и пошироко треба да ја пренасочи својата сила кон социјални конфликти, ставајќи го акцентот на реалните проблеми како што се кратењето на социјалните права (ова се однесува на мерките за штедење), невработеноста која постојано расте и се поголемата сиромаштија на најголемиот дел од населението.

Како и секогаш, во време на кризи, владејачките структури се вртат кон национализмот како би го разединиле народот, и со тоа да ја намалат неговата моќ. На тој начин балканските земји полека се приклучуваат кон еврпскиот шовинизам, преземајќи го нивниот репресивен став кон имигрантите. Затоа, како анархисти, мораме да го вратиме фокусот на борбата против сите облици на национализам, затоа што додека постои држава, ќе постои и национализам.

На националната омраза можеме да и се спротивставиме единствено со меѓусебна солидарност на сите загрозени слоеви во општеството, без обзир на националните граници и да потикнеме социјална борба низ целиот свет.


НЕ ЗА ВОЈНА ПОМЕЃУ НАРОДИТЕ, НЕ ЗА МИР МЕЃУ КЛАСИТЕ!


Учесниците на Балканскиот состанок за национализам,
Балкански анархистички саем на книги
Љубљана, Мај, 2013

No comments:

Post a Comment