30.5.13

Гневни работници оштетиле над 30 нови „Фијати 500 Л“

-
Работниците од фабриката „ФИЈАТ автомобили во Србија“ со штрафцигери оштетиле повеќе од 30 нови возила „Фијат 500 Л“ испишувајќи навредливи пораки упатени кон шефот на смената и газдите на фабриката.


Причината за оштетувањето на автомобилите е незадоволството на работниците од односот на шефот на смената кон нив како и од условите во кои работат. Шефовите на работниците им наметнале побрзо производство, со цел за 8 часовно работно време да се произведе многу повеќе од тоа што реално би се произвело за тоа време, како би се задоволиле побарувањата на компанијата. За да го постигнат тоа, на работниците им било забрането правење паузи за одмор, траките за производство биле вклучени на поголем степен на брзина што ја загрозува безбедноста на работниците, а исто така добивале и ниски плати. Од сите преставништва на ФИЈАТ во светот, во погонот во Крагуевац се убедливо најмалите плати иако работниците одработуваат дури и повеќе од останатите преставништва во светот.

Интересен е фактот дека работникот кој го изработува овој модел „Фијат 500 Л“ може да го купи за 11 години ако одвојува секој месец по 50% од својата плата.

No comments:

Post a Comment