Ние, учесниците на Балканскиот
анархистички саем во Љубљана, излеговме на улиците денес со цел да го изразиме
нашето заедничко отфрлање на капитализмот и репресијата. Ние сме
интернационална заедница на анархисти и антиавторитарци, ангажирани во
борбата против режимот на капиталистичката експлоатација, мерките за штедење,
подемот на национализмот и фашизмот и државната репресија.
Глобалните кризи на капитализмот
во целост ја дискредитираа догмата дека капитализмот и либералната демократија
можат да обезбедат благосостојба за сите. Како анархисти и антиавторитарци,
ние ги отфрламе мерките за штедење и авторитарното
справување со кризите како решение за кризите. Ние мерките за штедење ги
разбираме како пат кон Европа во која ќе владее општа сиромаштија. Исто така ги
отфрламе националистичкиот популизам и фашизмот како одговор на социјалните
кризи кои се предизвикани од мерките за штедење. Единствено решение за кризите
може да биде уништувањето на капитализмот и државата и континуираната изградба
на нови општествени односи, ослободени од сите форми на експлоатација и
доминација. За нов свет во школката на стариот!
Во време на кризи и интензивни
социјални конфликти, државната репресија станува се повеќе брутална а
полицијата се трансформира се повеќе и повеќе во паравоена сила, служејќи на
интересите на политичките и економски елити. Основните права, на сите оние кои
пружаат отпор на капиталистичката експропријација на нашите животи,
континуирано се кратат. Ние се солидаризираме со сите политички затвореници и
субјекти на репресија. Ние силно ја отфрламе криминализацијата на широко
распространетиот револт. Нема правда, нема мир, заеби ја полицијата!
Го покануваме секој кој е
заинтересиран да земе учество во заедничката борба:
Да го уништиме капитализмот дур е ранлив!
Генерален пленум на Балканскиот
Анархистички Саем на Книги
Љубљана, 25.05.2013
No comments:
Post a Comment