Понижувањето низ кое поминуваат
работниците, најдобро го разбираат оние кои работат. Демократијата, врз која е
нашето општество наводно засновано, престанува да важи оној момент кога ќе
дојдеме на работа. Без обзир која работа ја работиме и како е работниот процес
организиран, имаме секакво право да бидеме гневни на својот газда, затоа што
како плата добиваме само мал дел од она што произведуваме, а остатокот тие го присвојуваат
за себе како профит.
Единственото вистинско решение е да
создадеме општество во кое работниците ќе ги донесуваат сите одлуки кои се
однесуваат на производството и производите – општество во кое секоја личност е
сита, облечена и има покрив над глава. Во меѓувреме, додека не се избориме за
вакво општество, треба да осмислиме некаква стратегија со која ќе се бориме
против секојдневната експлоатација.
Ние сметаме дека директна акција
е решение. Но, што е директна акција?
Со директна акција сами ги
постигнуваме нашите цели. Најпознат облик на директна акција е штрајкот, кога
работниците едноставно одбиваат да работат. Многу жолти (бирократски) синдикати
практикуваат штрајк, затоа што е најлесно да го контролираат т.е. да го
прекинат. Меѓутоа, штрајкот е често безуспешен начин на борба против газдите,
затоа што газдата има големи финансиски резерви и е во состојба многу подолго
да издржи отколку работниците. Многу често фондовите кои синдикатите ги
користат во случај на штрајк не постојат или се недоволни. Покрај тоа, доколку
работниците не доаѓаат на работа, газдата може да вработи штрајк – брејкери да
продолжи со работа како ништо да не се случило.
Директна акција треба да се
применува на работните места, а не надвор од нив. Успорувањето на работниот
процес и намалувањето на производството може да го намали профитот на газдата а
во исто време да добиваме плата и притоа газдата не може да не отпушти и да
донесе некој на наше место. Директна акција спроведуваме без помош на владините службеници, синдикалните бирократи и прескапите адвокати.
Еве неколку примери на директна
акција, кои се помалку или повеќе противзаконски но – стварно не ни е грижа.
Сите големи победи кои работниците ги оствариле во историјата, постигнати се со
противзаконски методи – биле забранети и под удар на полицијата. На пр: во
Америка се до 1930 година не постоел ниту еден синдикат, а поголемиот број на
судови ги осудувале синдикалците како заговорници кои сакаат да наштетат на
„слободниот пазар“. Штрајкувачите биле претепувани и убивани од страна на
полицијата, војската и приватните убијци.
Денес, сме слободни да се
организираме во синдикати, но вистинските ефикасните акции и понатаму се
незаконски. Затоа, секој работник би требало да биде запознаен со законот за
работа и начините на кој овој закон може да биде искористен против него.
Конфликтот помеѓу газдите и нас не е фудбалски меч, туку права војна – класна војна.
Еве неколку методи на директна
акција кои може да се користат кога штрајк е невозможно.
Успорување
Успорувањето има долга историја,
еве неколку примери. Во 1899 година работниците во Глазгов, Шкотска барале
покачување на платата од 10%. Шефовите го одбиле нивното барање, по што
работниците се одлучиле на штрајк. За да го прекинат штрајкот, газдите одлучиле
да ангажираат штрајк – брекери, земјоделци кои не ја завршувале добро работата
на пристаништето – стоката им испаѓала и не можеле да одат по палубите на
бродовите. Сепак, шефовите изјавиле дека се задоволни со нивната работа, така
да работиците решиле да се вратат на работа но да ја извршуваат работата исто како
штрајк – брекерите. Одма после тоа платите им биле покачени.
На почетокот на 20 век, на работниците од американските
железници им ги намалиле платите при што тие ги скратиле
своите лопати за 5см и кажале: „Мали плати – мали лопати“. Во Австралија на
пример, машиновозачот има право да го запре возот доколку има потреба да оди до
тоалет. Во пракса ова ретко се случува но што би се случило доколку секој
машиновозач во текот на едно возење по неколку пати би го застанал возот поради
„физиолошки потреби“.
Работа по правила
Речиси на секоја работа постојат
голем број на правила и прописи кои работниците не ги почитуваат како би
излегле во пресрет на газдите и да ја завршат работата на време. Обично постои
премолчан договор помеѓу работниците и управата овие прописи да не се
спомнуваат. Но што се случува ако работниците буквално се придржуваат на сите правила
и прописи? Во 1986 година, во фабриката ОХИС во Скопје, кога управителот се
однесувал авторитарно со работниците и не им дозволувал 5 минутна пауза, некои
од работниците кои управувале со машините барале да биде отстранет секој дефект
заради безбедност (иако машините и со тие мали дефекти можеле да работат) при
што работата се запирала и додека не се средел дефектот и работниците кои
работеле на лента не можеле да продолжат со работа. После ваквите ситуации, управителот внимавал како се однесува со работниците. Кога железниците во
Франција биле национализирани, штрајковите биле забранети. Но еден француски
закон барал инжињерот да се увери дали е мостот сигурен пред возот да помине
преку него а ако инжињерот не е убеден во сигурноста на мостот тогаш треба да
се оддржи советување на целокупниот возен персонал. Секој мост бил доста детално прегледуван и секој пат железничарите се советувале дали да помине
возот преку мостот или не. Ова предизвикало целосен колапс на железничкиот сообраќај.
Австриските поштари слепо се придржувале на правилата секоја пошта да се измери
за да се утврди која поштенска марка треба да се залепи. Пред тоа не ги мереле
писмата кои очигледно не биле доволно тешки за на нив да се залепи марка за
пакет, но овој пат ги мереле сите писма па дури и телеграмите. Третиот ден
сеуште ги мереле писмата од првиот ден. Нивните барања набрзо биле исполнети.
Штрајк преку работа
Проблмеот кој се појавува кај
некои облици на директна акција (на пр: успорување на работата) е тоа што
најмногу се погодени муштериите а не шефовите. Работниците во една француска
болница не сакале да штрајкуваат бидејќи се плашеле дека пациентите најмногу ќе
бидат оштетени. Наместо штрајк тие бесплатно и без рецепт ги издавале сите
лекови, при што болницата во рок од три дена изгубила многу пари а успаничената
управа се согласила со работничките барања. Во 1968 железничарите и
кондуктерите во автобусите во Шпанија не наплаќале карти на патниците затоа што
биле одбиени нивните барања за зголемување на платите. Кондуктерите и возачите
доаѓале на време на работа а сообраќајот се одвивал непречено со тоа што никој
не наплаќал карти. Непотребно е да се каже дека јавноста го поддржала ваквиот
штрајк.
Окупација на работното место
Штрајкот не мора да трае долго за
да биде успешен. Ако е добро испланиран, може да успее за неколку минути. Кога
сите работници во истиот момент ќе престанат да работат и одбијат да го напуштат
работното место, управата нема многу избор. Во Америка, за време на економската
криза во 30тите, во една фабрика за автомобили, работниците со окупација на
фабриката помеѓу 1932 и 1934 ја дуплирале својата плата и тоа во време на
најлошата економска криза. Мотото на овие штрајкови било: „Седи и гледај како
платата ти расте“.
Окупациите се особено актуелни од
1995. Во Белгија работниците на Рено ја држеле фабриката 3 месеци под окупација
се додека полицијата најбрутално не ги избркала. При крајот на 2007 година,
анархосиндикалистички ориентираните работници ја окупирале фабриката за авто
делови Frape – Ber во
Шпанија и фабриката за велосипеди во Германија во која е продолжено со
производство под работничко самоуправување. Исто така, после крахот на
економскиот систем во Аргентина во 2001 година, неколку стотици илјади
работници ги превземале своите работни места. Работата и производството се
продолжени под работничка контрола а суровините, производите и услугите се
разменувани во склад со меѓусебните договори а не за пари.
Непредвидливи штрајкови
Непредвидливоста е одлично
оружје. Во еден град во Америка во 1991 година, наставниците штрајкувале на овој
начин: не дошле на работа во понеделник и вторник, дошле во среда, не дошле во
четврток, па пак дошле во петок и понеделник. Не само што не можеле да ги
отпуштат наставниците и да вработат штрајк – брекери, туку и управата морала да
доаѓа секој ден на работа што обично не им било обичај. Оваа тактика толку била
успешна што овој вид на штрајк со закон е забранета во американската држава Пенсилванија, во која се наоѓа и овој град.
Штрајк преку боледување
Штрајк преку боледување не е прав
штрајк. Идејата е да се блокира работата така што поголемиот број на работници
или уште подбро сите, во ист ден ќе се јават и ќе кажат дека се болни. Овој
метод може многу успешно да се користи на помали одделенија на големо работно
место и тоа без синдикат. Ова е омилен метод на директна акција кој го користат
вработените во јавната служба. Во Америка, во една психијатриска болница со
самото спомнување на штрајк со боледување, сите барања биле исполнети. Во една
голема самопослуга во Полска, работник му споменал на шефот, додека зборувале
за член на синдикатот кој бил отпуштен неодамна, дека владее грип и дека не би
било чудно ако некој ден на работа не се појави никој. Набрзо неколку работници
се јавиле дека се болни а шефот ја сфатил пораката и го вратил синдикалистот на
работа.
Саботажа
Саботажа е најчесто ненасилна
метода но се користи само во озбилни конфликти, во кои најдобро се гледа природата на класната војна, која постои помеѓу работниците од една и шефовите
од друга страна. Работниците во ресторани можат да купат глувци, бубачки и
скакулци и да ги пуштат во ресторанот а притоа може да повикаат и санитарна
инспекција. При крајот на 19 век, железничарите кога тргнале во штрајк со себе
понеле и „сувенири“ без кои локомотивите не можеле да работат така да штрајк - брекерите не можеле да го разбијат штрајкот. Денес работниците често сокриваат
вакви „сувенири“ на самото работно место, како би избегнале да ги обвинат за
кражба. Работниците можат преку телефонот на шефот да нарачаат голем број
непотребен канцелариски материјал. Да бидеме креативни, можностите се
неограничени.
Солидарност
Најбитна работа е
организираноста. Ако еден работник се буни, газдата ќе го уништи, но ако сите
застанеме заедно, ускладено, шефовите ќе не сфатат озбилно. Газдите можат да
отпуштат поединец, но не можат да ја отпуштат целата работничка класа. Ние сме
им потребни, бидејќи живеат од нашата работа, а тие нас не ни се потребни!
Успехот на сите тактики кои беа
опишани зависи од солидарноста и координацијата на работниците. Поединечните
саботажи ги задоволуваат само нашите лични потреби за освета но ништо нема да
ни го разубави денот повеќе од огромен број на работници кои за своите права се
борат со директна акција.
No comments:
Post a Comment