24.5.13

Етнички тензии! Најдобро оружје на државата за да се оттргне вниманието од социјалните проблеми!

Работниците од ОХИС, ги радикализираа своите протести, во четвртокот освен блокада на улицата, поставија блокади и на влезовите во фабриката – приватните фирми кои имаат изнајмено погони во ОХИС не можеа да влезат. Само да потсетиме дека никој не знае каде завршуваат кириите што ги плаќаат овие фирми и дали воопшто плаќаат кирии или се полнат одредени џебови. Работниците од ОХИС повеќе немаат доверба во жолтиот синдикат, решија сами да се изборат за своите права. Стечајците од Куманово најавуваат дека ќе почнат со протести во Скопје. 


Затоа е време државата да го направи токму она што секогаш и успева кога експлоатираниот и угнетуван народ ќе реши да се побуни. Предизвикување на етнички тензии секогаш била успешна техника на овие простори за заташкување на социјалните неправди. Луѓето во истиот момент забораваат на своите празни фрижидери и одат во лов на вештерки. Бедниот македонски и албански народ почнува да се обвинува и бори меѓусебе додека македонските и албански елити повторно можат мирно да спијат, никој нема да го впери прстот кон нив. Само што почнаа протестите на работниците од Куманово и Скопје, политичките елити ги пуштија своите кучиња и одма имаме етнички навреди и препукувања на стадион и демолирање на Музејот на Албанската азбука во Битола. Најинтересно е што овие фашисти ја завршуваат прљавата работа на елитите мислејќи дека тоа го прават за доброто на својот етникум. На тој начин ги штитат интересите на државата и на владејачката класа и одат против интересите на народот. Луѓето лесно паѓаат во оваа замка и повеќе не им е грижа за невработеноста, за сиромаштијата, за се поскапите сметки кои им стигнуваат дома, сега целото внимание и гнев го насочуваат кон истите бедни луѓе како нив само затоа што се од различна култура.


Да не дозволиме повторно да бидеме изманипулирани од елитите. Да не заборавиме дека 800 македонски и албански работници од ОХИС немаат земено 20 плати и веќе со години плави картони. Да не заборавиме дека истите тие елити ги оставија стечајците на улица со години, без леб, здравство и без достоинство.


Веќе не поминуваат вашите етнички тензии! 
Солидарност со работниците кои се борат за своите права!

No comments:

Post a Comment