4.5.13

Капитализмот е криза!


Светската економска криза е еден од поимите чија актуелност не опаѓа веќе неколку години. Третирана од страна на капиталистите, политичарите и медиумите како „природна“ катастрофа против која не може ништо да се направи и на која треба да и се прилагодиме, кризата се користи како оправдување за бруталното кратење на социјалните бенефиции, за отпуштањата и „стегање на каишот“ на сите оние кои не се на врвот на општествената скала. Историјата покажува дека таа „природна“ катастрофа периодично се појавува во капитализмот и дека владејачката класа излегува од тој проблем кога тој ќе стане акутен, најчесто решението го  наоѓа во војни од големи размери, како што се случи за време на Големата депресија во 30тите и Втората светска војна.

Но, кризата во капитализмот не е никаква мистична сила, ниту „природна“ катастрофа која доаѓа надвор од системот, туку преставува потполно логичен производ на поредокот кој е втемелен на капиталистичкиот начин на производство, и во таа смисла е нешто што циклично го следи капитализмот од неговиот настанок и преставува воедно и вовед во неговиот крај. Капиталистичките кризи никогаш не се решаваат вистински, само географски се поместуваат, па така во овој случај имаме криза која започнала во САД, која потоа е поместена наоколу т.е во Грција, Португалија, Италија, Шпанија, итн.

Меѓутоа, актуелната ситуација не преставува само една од минливите крзни етапи на линија на капиталистичкиот „прогрес“ – таа секако преставува озбилна структурална криза, која укажува не само на криза на капиталистичката идеологија, туку и на очигледна безидејност и отсуство на било каква смислена стратегија за понатамошен капиталистички развој. Неможејки да замислат општествени односи кои не се засноваат на експлоатација, а истовремено свесни дека со актуелната криза, постоечкиот систем се најде во ситуација во која по стариот пат повеќе не може да се оди, капиталистичките идеолози денес се обидуваат преку своите медиуми уште повеќе да не пасивизираат со своите оптимистички мантри, а таму каде што таквата хипноза повеќе нема ефект - со брутална сила. Сето тоа е само за да се избегне да се наречат работите со нивните прави имиња, но и за да не се признае дека на приказните за капитализмот им се гледа крајот и дека е дојдено време светот да се менува од корен.


Човештвото, на глобално ниво, не може да излезе од капиталистичката криза се додека не дојде до суштинска промена на системот кој доведува до постојано повторување на се подлабоките и озбилни кризни ситуации, чиј терет во најголем дел го носи работничката класа. Позитивна страна на овие случувања е тоа што цела генерација ќе ја сфати потребата за прекин на досегашниот систем и потребата за создавање на анархистичко општество во иднина. Не се работи само за заострувањето на односите во општествата во кои ограбувањето се зајакнува, туку и за предлозите на владејачката класа за излегување од кризата – страшни сечења на социјалните бенефиции. Ова, секоја разумна личност, свесна дека ќе и бидат одземени не само моменталните права, туку и правата за кои се избориле нашите предци, и тоа дека нашите потомци ќе живеат во многу полош свет од овој во кој денес живееме – ќе ја натера да се сврти кон антикапиталистичките организации и движења и ќе тргне во борба за слобода.

Извор

No comments:

Post a Comment