Анархизам е револуционерна
политичка струја која смета дека „слободата
без социјализам е привилегија и неправда а социјализам без слобода е ропство и
бруталност.“
Синдикализам е работничко движење
каде работниците се обединети на економска основа како би се бореле за своите
интереси.
Анархосиндикализам е анархизам
применет во работничките движења. Слободарските организации се движат од мали
едукациски групи до големи и масовни револуционерни синдикати а контролата кај
нив се спроведува одоздоле па нагоре.
Анархосиндикалистите сакаат да се
организираат со другите слободољубци и борбени работници, кои се согласуваат со
нивните револуционерни цели и принципи. На почеток, организацијата има облик на
локални групи и индустриска мрежа, но како што расте членството и влијанието,
може да започне со преземање на функцијата на синдикат како што е советување на
работниците и потикнување на директна акција како успорување на работата,
штрајкови и завземање (блокада) на работните места.
Целта на анархосиндикалистичката
мрежа и синдикатот не е во „регрутирање“ на секој работник, туку во заговарање
и организирање на масовни состаноци (пленуми) за сите вработени кои се вклучени
во одредена борба, за да можат тие работници да ја задржат контролата и да
одлучат за насоката на делување. Анархосиндикалистите не тежнеат да ги
контролираат овие состаноци (пленуми) туку аргументираат и се залагаат за
анархосиндикалистички принципи и цели.
Затоа анархосиндикализмот е
потполно различен и од „жолтиот“ синдикат кој тежнее кон економско преставување
на работниците и од т.н. „работнички партии“ кои тежнеат кон политичко
преставување на работниците. Наместо тоа, анархосиндикализмот ги обединува
економското и политичкото и се спротивставува на преставничкиот систем во
корист на работничкото самоорганизирање. Организирани на овој начин,
работниците се учат да делуваат за себе, со користење на својата моќ, без
водство од страна на синдикалните бирократи или политичката авангарда,
доведувајќи го во прашање постоечкиот начин на организирање на општеството и
го обликуваат светот кој сакаме да го создадеме, свет без шефови и владетели.
Цели и принципи на анархосиндикалистите
Анархосиндикалистите бараат да се
пропагира солидарноста на работните места но и надвор од нив, ги потикнуваат
работниците да се организираат независно од владата, газдите и бирократите, во
борбата за своите класни интереси. Конечната цел е бескласно општество без
држава, втемелено на принципот „секој според способностите, секому според потребите“
– систем на слободарски совети составени од отповикливи делегати од работните
места и од заедниците. Вакво општество, кое е засновано на потребите, може да
биде создадено единствено со борбата на работничката класа овде и сега. Активноста
е насочена кон пропагирање, поддршка и развивање на таквата класна борба,
локално и интернационално, затоа што и двата вида ни се корисни и не
приближуваат до општеството кое сакаме да го создадеме. Тоа го правиме во
согласност со следниве три принципи:
- Солидарност –
како поединци, пред шефовите, бирократите и државата сме релативно
немоќни, но тоа се менува кога делуваме колективно.
- Директна акција –
ние не ги молиме политичките и економските преставници да делуваат во наше
име, туку се организираме за да ги добиеме работите кои ги сакаме.
- Самоорганизација – работниците треба да ја контролираат својата борба преку масовни состаноци (пленуми). На тој начин учат да делуваат без шефови и лидери а со тоа ги спречуваат обидите на оние одозгора да ги продадат и демобилизираат.
Што прават анархосиндикалистите?
Анархосиндикалистите се вклучени во широк спектар на борба на работните места и во заедницата, без разлика дали тие борби се краткотрајни или долготрајни. Во тие борби е вклучено:
- Организирање на работните места –
за прашања кои се движат од плати и работни часови па се до работни
услови.
- Организирање на заедницата –
од јавната служба до домаќинствата и средината.
- Солидарност со штрајковите и
превземањето на работните места – организирање блокада на влезот
на работното место како би се оневозможило делување на оние кои сакаат да
го разбијат штрајкот, собирање на донации и храна.
- Поддршка на работниците – во
случаи на поединечно злоупотребување на работниците, анархосиндикалистите
организираат протести и други директни акции.
- Поврзување со другите работници –
преку мрежа на базни автономни синдикати.
- Организирање на јавни средби – за
прашања како економијата, војните, климатските промени и останатите
проблеми кои ја погодуваат работничката класа.
- Пишување и ширење на пропагандата – летки, памфлети и брошури со кои се шират идеите на солидарност, директна акција и самоорганизирање.
No comments:
Post a Comment