9.4.13

10 години Балкански анархистички саем на книга

Од 24 до 26 мај ќе се одржи десетиот по ред Балкански анархистички саем на книга, овој пат во Љубљана, каде што и започна да се одржува во 2003 година.





Во време кога се случува најмасовниот децентрализиран и нехиерархиски револт во поблиското минато во Словенија, Федерацијата за анархистичко организирање (ФАО) ги кани сите на десетиот Балкански анархистички саем на книга (БАСК), каде секоја година се собира голем број на луѓе од различни места во Европа и пошироко.

Голем број на настани се замислени во рамки на 10. БАСК, меѓу кои и Балканска средба за национализам, на која ќе се испитуваат начини за поврзување на транснационални сојузи со цел зајакнување на борбата против национализмот. Предвидени се и дискусии на бројни теми: за улогата на жената во анархистичкото движење, за радикалната екологија во бивша СФРЈ, за различни социо-економски анархистички алтернативни, за фашизмот и кризата во Грција, за масовните протести во Словенија од последните месеци и многу други. Ќе се одржат и работилници за издавање анархистичка литература, за формирање независни радио фреквенции, за снаоѓање во услови на несигурна работа и мерки за штедење и други. Изложби, музика, Food not bombs, и се разбира, саем на книги, исто така ќе бидат дел од овогодинешниот БАСК.

Саемот ќе биде одржан во Автономниот културен центар во Метелкова , кварт во Љубљана преполн со сквотови, инаку окупиран во 1993 година и комплетно самоорганизиран.

No comments:

Post a Comment