14.4.13

Прва Балканска анархосиндикалистичка конференција (Белград, 06-07 април)

Првата Балканска анархосиндикалистичка конференција се оддржа во Белград на 6 и 7 април, во организација на другарите и другарките од Србија. На конференцијата земаа учество другари и другарки од Хрватска, Бугарија, Македонија, Косово и Србија, додека другарите од Словенија, Грција, Романија и Турција беа во последен момент спречени  да учествуваат, но ја поздравија конференцијата. На конференцијата присуствуваше и делегат на Секретаријатот на Меѓународното здружение на работници и работнички (MUR - AIT - IWA).



Конференцијата започна со кратко воведно излагање на присутните организации и групи, кои ги преставија своите активности и политичкиот контекст во кој делуваат. Тоа преставуваше основа за понатамошните дискусии кои беа фокусирани на темите: регионална координација на работничките движења и перспективата на радикалниот синдикализам, студентската борба, анархосиндикалистичкиот одговор на национализмот, расизмот и фашизмот во регионот. Потоа се дискутираше за либерализмот и реформизмот во движењата и моделите на одговор на тие појави, безбедноста и зајакнувањето на инфраструктурата на движењата во регионот. Беа преставени и активностите на Меѓународното здружение на работници, како и практични дискусии за борбата на работните места. Дводневната конференција заврши со учество во демонстрациja организирани од страна на Анархосиндикалистичката инцијатива, пред зградата на српското Министерство за труд - против новиот закон за штрајк, за отпуштањата и невработеноста.

Другарите кои присуствуваа уште еднаш ги подвлекоа точките кои се заеднички за сите работници на Балканот, и светот, и уште еднаш ги истакнаа принципите на директна демократија, директна акција и интернационализмот како единствен пат по кој треба да тргне работничката класа за да се бори за својата слобода. Балканската конфедерација е единствен модел со смисла за мир и напредок во регионот, и преставува реална алтернатива на сите државни проекти, кои никогаш не донесоа ништо добро за народите на Балканот.

Заедничко е чувството дека конференцијата беше успешна, дека ја зајакна соработката на движењата во регионот и создаде простор за дискусија и плодна размена на идеи како и основа за конкретни заеднички активности. Нови модели на комуникација се создадоа помеѓу органзиациите кои учествуваа, и постои заедничко очекување дека овој вид на собирање ќе биде нешто што ќе се случува редовно.

Учесниците на првата Балканска анархосиндикалистичка конференција.

Смрт на државата и капитализмот!
Да живее солидарноста на работниците на Балканот!
Да живее анархосиндикализмот!

No comments:

Post a Comment