24.2.13

Зошто анархистите се противат на наемниот систем?

 Наемниот систем е главното средство со кое капиталистите, односно оние кои го поседуваат материјалното богатство во целиот свет, ја водат класната борба. Како што пушката може да се смета за главно оружје на ковенционалното војување, алат за напаѓање, повредување и убивање, така и наемниот систем може да се смета за еднакво опасен изум. Анархистите се противат на наемниот систем затоа што тој ја овозможува експлоатацијата на луѓето и ги доведува на ниво на робови во буквална смисла на зборот.

 Значи, ќе почнеме со објаснување на поимите. Што е наемен систем? Наемниот систем е производ на капиталистичкиот систем кој, заснован на принципот на приватна сопственост, го издигнува приватното поседување на средствата за индустриското производство на ниво на неоспорното Свето писмо. Наемниот систем произлегува од фактот дека поседувањето на средствата за производство само по себе не е доволно да ги направи корисни; клучен дел на процесот на производство, она што го покренува или запира производниот процес е човековиот труд. Без внесување на човековиот труд во производниот процес, целиот капиталистички систем би дошол до застој. Агресивноста со која господарите на производствениот процес реагираат на било каков застој во производството, на пример, поради штрајк, е доволен доказ за ова тврдење.

   Бидејќи им е потребен човековиот труд за да ги искористат своите алати и машини, господарите на производството, капиталистичката класа, принудени се да вработуваат работници. Тие самите не работат. Капиталистите мора да вработуваат работници затоа што нивната самододелена улога е да управуваат и водат, а не да учествуваат во производните активности, активности чиј директен резултат е произведувањето на добра или услуги. Бидејќи самите работници не ги поседуваат средствата за производство, себе и својата работна способност ја изнајмуваат на оние кои ги поседуваат тие средства, а тоа е веќе споменатата капиталистичка класа. За време на учествувањето во производната активност работникот или работничката и неговата/нејзина работна способност се под сопственост на купувачот на нивната работна сила, на управителот капиталист кој не работи. Значи, системот на односи во кои несопствениците се принудени да го продаваат својот труд на сопствениците на средствата за производство во замена за надница (плата), се нарекува наемен систем.

           За да можеме во потполност да разбереме зошто се анархистите непријателски настроени спрема овој систем, зошто спремно ги посветуваат своите животи за негово укинување и го жртвуваат своето време за анархистичките движења наместо да го трошат на нешто опуштено, мораме прво да проучиме неколку основни претпоставки за светот. Ако за момент застанеме и размислиме за она за што се залагаат анархистите, ќе можеме повеќе да ги цениме причините поради кои се противат на одредени работи.

                Во најосновна смисла анархистите ја сметаат индивидуалната автономија за темел и основен предуслов за уживање во целосно човечка егзистенција која е заснована на развивање силен поединец со специфичен карактер и личност и цели кои доведуваат до духовно исполнување, среќа и задоволство. Со други зборови, во очите на анархистите, автономијата и човечноста се синоними, а недостатокот од едното подразбира непостоење на другото. Основата за ова тврдење ни ја дава претпоставката дека луѓето од машините ги разликува нивната способност за самореализирано однесување, индивидуално размислување и делување, со други зборови, спроведување на нивната индивидуална волја. Тврдењето дека оној кој не ја спроведува својата индивидуална волја е робот или машина, би значело дека се тврди нешто многу очигледно. Слично на тоа, тврдењето дека човекот не е машина би било прилично тавтолошки. Меѓутоа и двете сепак укажуваат на фактот.


                Ако индивидуалната автономија е предуслов за самореализирање и развој на индивидуалната свест и специфичност, тогаш e, според анархизмот, предуслов и за материјалната независност. Како што самореализацијата (како спротивност на механичката покорност на некоја виша сила) не може воопшто да постои без автономија и можност за спроведување на сопствената волја, така автономијата не може да постои без самореализација.

                Темелите на индивидуалната материјална независност, според анархистите, и она што гарантира исти права и привилегии на секој човек, е тоа дека секој поединец мора да има слободен и рамноправен пристап до средствата за производство и преку тој слободен и рамноправен пристап да добие целосен производ од својот труд. Слободен и рамноправен пристап до средствата за индустриско производство преставува основна карактеристика за социјално праведен облик на индивидуалната автономија, оној кој сите можат рамноправно да го делат. Тоа е чиста спротивност на капиталистичкиот индивидуализам, апропријација која не познава граници и која се спроведува на штета на другите.

                Ако автономијата и можноста секојдневно да се спроведува индивидуална волја се предуслови за поединечна самореализација и ако социјално праведниот стандард на материјална независност е предуслов и темел за индивидуална автономија, тогаш за анархистите единствен прифатлив облик на економска и општествена организација ќе биде оној кој се состои од горенаведените претпоставки.

                Може да се заклучи, а така тврдат и анархистите, наемниот систем не гарантира материјална независност и индивидуална слобода. Напротив, наемниот систем ја гуши индивидуалната автономија, и така ја понижува и расипува човековата природа.

                Наемниот систем е вкоренет во капиталистичкиот систем на приватна сопственост и приватен монопол над општествените ресурси и средствата за производство, како што и забележавме. Бидејќи е вкоренет во систем кој го овозможува, па дури и го поддржува монополот, од тоа логично следува дека системот на приватна сопственост кој ја сочинува основата на капиталистичкиот систем за најголем број луѓе значи отуѓување од сопственоста и материјалната независност, или со други зборови, смртна казна за нивната слобода.

                Противниците на ова гледиште сега би можеле да кажат дека во капиталистичкиот систем секој може да стане капиталист, дека општествената хиерархија не е зацементирана и дека можностите за качување на економската скала се достапни за сите со потребната иницијативност, вештини и посветеност на напорната работа. Очигледно е дека нешто од ова во некоја мера е вистинито, но на вистина е заснована и забелешката дека потребни се пари за да се заработува.

                Факт е дека наемниот систем постои само заради една причина: за експлоатација на човековиот труд заради корист на малкумината од економската елита. Се заработува така што на работникот му се исплаќа помалку од вредноста на производите кои тој ги произведува. Ова е безрезервна експлоатација, кратко и јасно. Ако наемниот систем од оној кој работи за надница прави платен роб, тогаш тој систем, без да даде нешто во замена, зема од плодовите од трудот на работникот како би имале корист оние кои не работат.

                Така доаѓаме и до клучниот дел на проблемот. Капиталистичкиот систем има потреба од голем број на поединци кои се приморани да ја продават својата работна способност за да преживеат, поединци на кои човековото право на материјална независност – која е основа на нивната слобода и услов за развој и успех, им е скратено уште од раѓање. Точно е дека малцинството може да се искачи на економската скала, но само ако останатите од неа паѓаат. На крајот, останува само таа скала, тој систем на експлоатација во кој некои профитираат од трудот на другите. Тоа што одредени поединци можат да ги заменат местата во тој циклус на експлоатација и платеничко ропство, потполно е неважно.

                Анархистите се противат на системот на плата затоа што тој преставува материјално отуѓување и економска присила. За прoсечен човек, системот на плата значи живот поминат во потчинување на целите и желбите на другите, живот во сиромаштија, полн со економски тешкотии, се во име на животот во изобилство на сопствениците на капиталот, за нивната декаденција, луксуз и толку богатство што ни самите не знаат што да прават со него. Примарна цел на анархистичката борба е укинување на наемниот систем преку укинување на институциите во приватна сопственост и класното општество што ги отелотворува, заедно со целата репресија и експлоатација кое ова општество ги подразбира.

                Јасно е тогаш дека анархистите како одговор на наемниот систем, заговараат класна борба. Меѓутоа кога анархистите зборат за класна борба, она на што се мисли е класната борба која ја наметнуваат економските елити, кои со секој свој потег пробуваат да ја уништат слободата на работничкиот свет во име на семоќниот профит. Класната борба, значи, не е агресивна, освојувачка војна, за разлика од империјалистичките, капиталистички војни кои биле потребни за потчинување на целата планета и институционализација на системот на приватната сопственост, што ги прави експлоатацијата и трупањето на профит возможни, туку станува збор за одбрамбена борба во име на општествената автономија и достоинствена човекова егзистенција.

No comments:

Post a Comment