Нема крај на институционалната
репресија над анархистите:
На 13 ноември 2013, петорица анархисти беа уапсени во Барселона под обвинение за припаѓање на терористичка
организација и за поставување на експлозивна направа во црквата Basilika del Pilar (Сарагоса, Шпанија). Случајот беше префрлен во Врховниот суд во Мадрид и
тројца од нив беа ослободени од обвиненијата, додека двајца беа затворени
додека ја чекаат пресудата. Затворените другари, Моника Кабајеро и Франсиско
Солар моментално се наоѓаат во два различни затвори во Мадрид, Навалкарнеро и
Естремера. Се наоѓаат во добра состојба.
Целата „полициска операција“ беше обележана со огромно внимание и кревање паника во медиумите, каде што тие секогаш послушни слуги на владејачите се погрижија да ги портретираат анархистите како безочни терористи, убици, бомбаши од кои што народот (а не власта) треба да се плаши. Тоа е добро познат метод на масовните медиуми и власта: создади страв од некоја мала антисистемска група, за да може тој нереален страв да ги окупира мислите на луѓето и да ги одвлече од секојдневните маки кои се последици на капиталистичкото разурнување и државната агресија. (Оваа владина тактика е олицетворена на пример во масовниот проект на САД под име „војна против теророт“ – war on terror).
Ако терорист се нарекува оној
кој сее терор, тогаш медиумите не се многу различни од Ал Каеда.
Изминатата недела беше недела на солидарност со Моника и Франсиско. Во Порто Алегре (Бразил) другарите уништија банкомати во солидарност со затворениците. Другарите од Берлин ја нападнаа банката Santander Bank, за која е познато дека наголемо инвестира во изградба на нови затвори ширум Латинска Америка. Уште веднаш по притворањето на Моника и Франсиско, другарите од Буенос Аирес (Аргентина) запалија две полициски возила и акцијата им ја посветија ним, како и на италијанските затвореници Алфредо Коспито и Никола Гаи и на другарот Илија Романов од Русија. Солидарност со Моника и Франциско беше испратена и од улиците на Тенерифе (Шпанија), Атина, Беотија и Солун (Грција), Хамбург (Германија), Сантијаго (Чиле) и други градови.
Нас не не интересира нивната „вина“ или „невиност“ - не оперираме со термини на репресивната правна држава. За државата секој оној кој се бори против нејзината опресија е виновен и криминалец. Се солидаризираме со нив и сите други другари и другарки кои гнијат по затворите ширум светот затоа што возвратиле на секојдневната систематска репресија и принуда. Бараме уништување на сите затвори, заедно со целиот поредок кој ги создава затворите и нивните криминалци!
Во меѓувреме, ДОБРИ ВЕСТИ од Италија: пред 6 дена анархистот Серџо Марија Стефани конечно ги напушти италијанските зандани после 18 месеци притвор. Серџо беше последниот кој остана притворен во она што италијанската власт го нарече „Операција Ardire“, а што всушност беше организирана навала врз анархисти од различни групи и нивно апсење во наместени процеси. Заедно со него тогаш беа затворени и Стефано Габриеле Фоско, Џузепе Ло Турко, Елиса ди Бернардо, Алесандро Сетепани, Џулиа Марциале, Франческа Паола Јоци и уште неколкумина други.
No comments:
Post a Comment