Македонските револуционери никогаш не се бореле за чиста Македонија или Македонија на македонците.
Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.
Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.
„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода...“
Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:
„...Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите... ”
Потоа, Манифестот ги повикува да се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманската империја.
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува барем да не се придружуваат на спротивната страна, ако веќе не се приклучуваат кон востаниците:
„ ...Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. Да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села! ”
Конечно, Манифестот има и силно изразена патриотска линија, која се однесува на ослободувањето и самостојноста на Македонија:
„...нашата мила и богата земја Македонија...“, „...бајрако на Афтономна Македонија...“, „...чесни и добри македонски синој...“, а завршува со зборовите:
“Ура! За Афтономна Македонија!“
Гемиџијата Петар Манџуков, во писмото кое го испратил до својот другар и гемиџија Костадин Кирков му пишува:
„...Ние знаеме драги Костадине, дека нашата
татковина се разликува по населението од една Бугарија, Грција или Србија, кои
се еднонародни земји. Кај нас се настанати повеќе народности и вери. Кај нас
има Mакедонци,
Грци, Власи, Турци, Евреи, Шиптари, па и по некој Ерменец, а за Циганите да не
зборуваме. Затоа ние ќе мора да водиме сметка
за тој факт и нашата борба да ја усогласиме со интересите на сите тие народности.
Тоа можеме да го постигнеме само тогаш, кога сите тие народности ќе разберат
дека слободата не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи власта во
неа. Тогаш и нашите муслимани ќе разберат дека не се слободни во турската
држава, како што не се слободни македонците. Во турската држава владеат
беговите и агите муслимани, заедно со македонските чорбаџии, на кои исто така
им е добро во турската држава како и на беговите, зашто меѓусебно си прават
почит и ги гонат бедните луѓе.“
Костадин Кирков (1882 - 1903)
No comments:
Post a Comment