25.7.13

Спонтана побуна, градeње на солидарност одоздола а не одозгора

(Текстот е наменет за оние кои константно повикуваат на обединување на левицата)

Под обединување на левицата се подразбира неслободна мисла во репресираните и експлоатираните класи, и послушност и работење во склад со „централниот комитет“. Повик на обединување значи токму тоа – нема слободно размислување, туку организирање од страна на левичарските интелектуалци а делувањето паѓа на грбот на бедниот народ, за некакви цели кои се најмал заеднички содржател помеѓу организациите или партиите. Повици за обединета левица или за „анти секташење“ секогаш доаѓаат од организации на леви интелектуалци кои неверуваат во јакнење на своите идеи, па имаат потреба од силата и идеите на другите, за да остварат нешто од својата програма и подоцна да се фалат како ги остваруваат своите цели и дека се продуктивни. Левите интелектуалци и нивните организации го користат терминот „секташење“ за оние групи кои не сакаат да си играат „бунтовници“ во рамките на државата (преку петиции и закони). Исто така и за оние кои сметаат дека преку парламентарниот систем не може да дојде до промена.

Зошто левицата не подржува одвојување и спонтано делување на групите и на луѓето, зошто не се согласуваат со автономија на групи и делување? Логичен след на таквите повици е централистичка, доминантна улога во политиканството. Не е непознато дека левицата во безнадежност пробува на одредени периоди да се реинсталира и повторно да се вклопи во истиот почетен систем, додека практиката покажува дека левицата после одредено време се раздвојува и повторно праќа повици за обединување заради своите „религиски“ догми – магичен круг без излез (заради неборбеноста). Тоа е лицемерна логика на опозицијата во коалиционите блокови, и парламентарното делување. Покрај ова, проблем за обединување наоѓаме и во следново. Додека левичарските движења, односно организации и партии како главен проблем на општеството го гледаат капитализмот, анархистите сметаат дека потпирач на капитализмот е постоењето на државата и партиите, и дека тие две работи меѓусебно се ослонуваат и така опстануваат. Додека има доминација во било кој облик, капитализмот е постојано тука (или на stand by), бидејќи тој не опстанува без доминација (читај: државата).

Анархистите како практични борци им требаат на интелектуалната левица и партии, за да ја извршат револуцијата, па потоа да ги уапсат како државни непријатели, бидејќи тие се залагаат за општество без држава, односно без доминација и хиерархија.

Анархистите, слободари, кои подржуваат индивидуална и колективна слобода, како во минатото така и сега се затворани, и држени како заложници, колку од капиталистичките толку и од комунистичките држави. Проблемот е во тоа што анархистите се најсилна закана за било какво државно уредување, и заради тоа, се гледаат како политички противници. Следствено на политичката борба, непријателот мора да се елиминира од општественото делување. Затоа, сметаме дека е несериозно да соработуваме со некого кој сака власт и кој сака, заради зачувување на власта, да не елиминира. После се што е кажано, не ни е јасно зошто се повикуваат анархистите за обединување на левицата кога ние толку многу се разликуваме, и никако не можеме да се споиме. Многу ви се поблиски постоечките политички партии па обратете им се нив за обединување.

Црн Блок како група која промовира директна акција, повикува сите загрозени да се побунат во својата околина, на работното место, факултет... Секаде каде што чувствуваат гушење на своите интелектуални, работни, креативни способности, од доминантните правила поставени од страна на државата.

Обединување не барајте од анархистите, туку од политичките кариеристи и професионални активисти.

ГРАДИМЕ КУЛТУРА НА ОТПОР И СОЛИДАРНОСТ!

No comments:

Post a Comment