6.2.14

Солидарност со уапсената анархистка Tamara Sol

Tamara Sol Farias Vergara падна во рацете на полицијата на 21 јануари 2014 под обвинение дека истиот ден испразнила 4 куршуми во телото на еден од чуварите на капиталот во Banco Estado во Сантијаго, Чиле. Беше уапсена откако полицијата ја фати со оружјето кое му припаѓало на чуварот. 


Наредниот ден, Тамара беше одведена на суд, каде, и покрај очигледниот факт дека немала намера да ја ограби банката, обвинителството ја обвини за обид за вооружен грабеж - стратешки одбрано обвинение за да може да заглави подолго во затвор. Имено, во чилеанскиот правен систем за вакво дело казната може да биде 10 години до доживотна, повисока отколку казната за обид за убиство, со што првично се очекуваше да ја обвинат.

Штом веста ги стигна масовните медиуми, мршојадците новинари веднаш почнаа да шират свои сензационалистички теории околу нејзините мотиви, па така во првичните верзии и медиумите и полицијата сметаа дека се работи за некаква љубовна одмазда против бедниот банкарски чувар Rolando Vargas Fuentes. Оваа логика ни е јасна затоа што во патријархалната хегемонија на денешното општество, од вооружена жена се очекува да се одлучи за насилство само кога е „емоционално нестабилна“, „повредена“ и „занесена од романтични чувства“; непоимливо е (и спротивно на улогата што на жената ѝ се наметнува) една жена да се одлучи на насилен акт како последица на автономна, свесна, политичка и борбена одлука. 

Уште полошо, кога стана очигледно дека не може да има никаква поврзаност меѓу уапсената анархистка и некој што решил со оружје да ги брани привилегиите на богатите, дуото полиција-новинари измислија нова теорија со иста суштина - дека единствениот мотив би можел да биде романтична врска помеѓу Тамара и Sebastián Overluij, кој еден месец претходно беше убиен од страна на друг чувар во истата банка. Во нивниот очаен обид да изнајдат некое објаснување од „сентиментална“ природа, чуварите на редот и поредокот не успеаја во нејзиното „злодело“ да го видат очигледниот и отворен чин на одмазда за убиството на нејзин другар анархист.

26-годишниот Sebastián Overluij (со прекар Angry) беше убиен на 11 декември 2013 од страна на чувар од обезбедување во Banco Estado, додека заедно со уште неколкумина другари се обидувале да ја опљачкаат банката. Alfonso Alvial и Hermes González беа уапсени за истиот грабеж, а неколкумина други успеаја да избегаат. Alfonso и Hermes сеуште се во затвор во исчекување на нивното судење.

Чуварот на светиот капитал одлучил истиот да го заштити и по цена на човечки живот, зошто нивните пари се поважни од нашите животи. Тој што одлучил со оружје да ги штити тие што не` убиваат и гнетат, треба да очекува дека и неговиот живот е безвреден за нас.

На Тамара и беше назначен притвор од 60 дена додека трае истражната постапка. 
Излегувајќи од судницата, другари кои дојдоа да изразат солидарност со Тамара се судрија со новинарите и полицијата, која остави неколку другари претепани и еден притворен, па ослободен истиот ден.

Солидарност и поддршка за Тамара - нека остане снажна и храбра!
Солидарност и сила и за Алфонсо и Хермес - смртта на нивниот другар уште повеќе нека им ја разгори омразата и волјата да се борат против репресорите на слободата. 

Црн Блок


No comments:

Post a Comment