Државата
не е ништо друго, освен легална, регулирана и систематизирана доминација и
експлоатација. Ќе се обидеме да го демонстрираме ова преку истражување на
последиците од владеење на малцинството врз масите, колку и да сакате да е тоа
малцинство интелигентно и посветено, во една идеална Држава, основана на
слободен договор.
Да
претпоставиме дека власта им е доделена само на најдобрите граѓани. На
почетокот овие граѓани се привилегирани само поради фактот што народот ги
одбрал бидејќи се нај-интелигентни, најпаметни, најмудри, најхрабри и
најпосветени. Извлечени од масата на граѓани – кои се сметаат сите за еднакви –
овие најдобри луѓе сеуште не формираат засебна класа, туку само група луѓе
привилегирани поради својата природа, па врз таа основа издвоени и изгласани од
народот.
Бројот на овие луѓе неопходно мора да е многу ограничен, бидејќи во сите земји бројот на луѓе надарени со такви квалитети што им дозволуваат автоматски да владеат со едногласната почит на нацијата, како што не` учи искуството, е многу мал. Така, под ризикот да направат лош избор, луѓето секогаш ќе бидат принудени да ги изберат своите владејачи од самите нив.
Бројот на овие луѓе неопходно мора да е многу ограничен, бидејќи во сите земји бројот на луѓе надарени со такви квалитети што им дозволуваат автоматски да владеат со едногласната почит на нацијата, како што не` учи искуството, е многу мал. Така, под ризикот да направат лош избор, луѓето секогаш ќе бидат принудени да ги изберат своите владејачи од самите нив.
Тука,
значи, имаме општество поделено во две категории, да не речам во две класи:
едната, сочинета од огромното мнозинство на граѓаните, која слободно се
потчинува на владеењето на своите лидери; и другата, составена од мала група на
природно привилегирани луѓе, препознаени и прифатени како такви од народот кој
ги избрал да го владеат. Зависно од гласањето, тие водачи најпрво се одвоени од
масите само врз основа на истите оние квалитети кои довеле до тоа да бидат
избрани, и тие природно се најпосветените и најкорисните од сите. Тие сеуште не
си присвојуваат никакви привилегии, никакво посебно право, освен она за
раководење со специјалните функции кои им се назначени. За се` останато, за
начинот на живеење, за условите и средствата на нивната егзистенција, тие
воопшто не се одвојуваат од останатите, така што совршена еднаквост владее меѓу
сите. Може ли ваквата еднаквост долго да се одржува? Ние тврдиме дека не може,
и воопшто не е тешко тоа да се докаже.
Ништо
не е поопасно за личниот морал на човекот од навиката за наредување. Најдобриот
човек, најинтелигентниот, непристрасниот, дарежлив, чист – несомнено ќе биде
корумпиран од ова посебно право на командување. Два фактора кои се инхерентни
на моќта секогаш ја произведуваат ваквата деморализација: презир спрема масите
и преценување на сопствените заслуги.
„Масите“,
си зборува овој човек, „препознавајќи ја сопствената неспособност да владеат,
ме одбраа мене за свој лидер. Со таквиот чин јавно ја признаа својата
инфериорност и мојата супериорност. Помеѓу сите овие луѓе, меѓу кои ретко има
некој еднаков на мене, единствено јас сум способен за водење на јавните работи.
На луѓето сум им потребен; тие не можат без моите услуги, додека јас, напротив,
можат да се снајдам и самиот; затоа тие мора да ми се потчинуваат поради нивна
безбедност, а јас, потчинувајќи ги, всушност им правам услуга. “ Зарем нема
нешто во тоа човек да го изгуби разумот и срцето и стане луд од гордост? Токму
моќта и навиката за командување стануваат, дури и за најдоблесните луѓе, извор
на девијација, како интелектуална, така и морална.
No comments:
Post a Comment